Татко ми ја уби мајка ми, а потоа си пресуди себе си!!

Поранешниот дански фудбалски репрезентативец Стиг Тефтинг  ја отвори душата и ја раскажа својата тешка животна сторија за британските медиуми.

Фудбалерот познат како вистинско „животно “ на теренот зборува и за теми за кои досега молчел.

На ниту еден од најдобрите светски напаѓачи не му беше сеедно кога на крајот на деведесеттите години на минатиот век или почетокот на 21 век требаше да се сретне со селекцијата на Данска. Поради тоа што на другата страна од теренот стоеше Стиг Тефтинг, кој може да се каже дека се држеше до познатата парола дека „играч може да помина , но топката никогаш“.

Кога Стиг ќе беше бесен и нервозен, знаеше да се тепа со секого, со соиграчите, противниците, публиката, па дури и папараците , еден од нив дури завршил и во студена река.

Популарниот тефтинг познат и по прекарот Косилка дури некое време бил и во затвор, покрај фудбалот познат бил и како член на моторџиска банда и како голем фан на Архус.

Каде и да се појавел со својот суров изглед предизвикувал страв и почит. Иако со фудбалската топка не знаеше многу да игра, сепак се надокнадувал со својата совршена физичка подготовка.

Фудбалската кариера ја минал во екипите на Хамбург, Болтон, Ренџерс .. каде бил познат како вистински „ѕвер на теренот“.

Во редовите на Болтон минал само една полусезона, но оставил длабок траг , посебно на цеваниците на противничките фудбалери, само еден месец по потпишувањето за Болтон Стиг завршил во затвор поради физички напад.

Во 2007 година данскиот фудбалер ја завршува кариерата како професионалец во редовите на Ренџерс, по што неочекувано од вистинска ѕвер на теренот станува мирен семеен човек.

Стиг Тефтинг ја шокираше британската јавност со приказната за своето тешко детство., кое според него и го формирало како личност. Имено, неговиот татко кога Стиг имал само 13 години ја убил мајка му пукајќи и во главата , а потоа си пресудил и себе си.

-Беше сабота , се враќав од тренинг и се приближував до мојот дом. Првата причина за загриженост ми беше фактот што не видов никој на прозорецот. Поради тоа што секогаш некој ме чекаше да ме поздрави. Звукот на велосипедот кој крцкаше беше знак некој да ме поздрави преку прозорецот. Кога влегов во станот нашето куче потрча кон мене. Нешто се случило помислив. И потоа го видов мртвото тело на мојот 41 – годишен татко. Покрај него лежеше и мајка ми. Имаше само 34 години, се сеќава на својот најтежок миг во живото славниот фудбалер.

-Мојот татко ја уби мојата мајка, а потоа си пресуди. Го остави своето единствено дете само на страшната сцена . Само две недели пред мојот 14 роденден. Тоа се те обликува и гради како човек, раскажал Тефтинг за британските медиуми.

Во скопско Кожле се гласа во трепезаријата од локалната црква

Избирачко место 2391 во општината Петровец е на невообичаено место. 

Не е во училиште, туку во дворот на црквата Свети Спас во скопското село Кожле. Списокот на гласачи не е долг. Има вкупно 18 гласачи. Гласањето е во трпезаријата на црквата. Мирно пријатно со христијанските симболи граѓаните оние малкумина кои останале во оваа просторија гласаат на изборите претходно биле локалните. Училиште нема.

„Нема друго место единствена просторија е оваа црковна трпезарија“, вели Неал Абдул Ибраими од избирачкиот одбор.

Живко Добревски жител на селото Кожле е еден од 18 гласачи вообичано гласаат шестмина од селото другите се иселени низ европските земји. Тој по пензионирањето се вратил во родното Кожле. Знае дека местото на гласање е невообичаено но тоа единственото место. Претходно се гласало во приватна куќа.

Пред гласањето можност за граѓаните да заплат свеќа во старата црква Свети Спас изградена според пишаните податоци во 1847 година. Црквата со вековна убавина и уникатен иконостас оставен на времето и на неколкумината жители да го одржат духот на верата и убавината на старите фрески.

А до црквата од селото има 900 метри пат, по синоќшниот дожд поплавен и со кал, но жителите верни на изборниот ден и на посетата на црквата. Веруваат дека краткиот земјен пат до цркавата и гробишата каде е погребан и потекнува и од Кожле македонскиот бисер во книжевноста Гане Тодоровски ќе биде направен.

Избирачкиот одбор вели станале во четири часот изутрина за навреме да стигнат ќе бидат тука и во наредниот круг на гласање бидејќи воздухот и природата се нешто што го нема во урбаните гласачки места.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер