Тркалезна маса во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари"

Тркалезната маса се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари".

Во Стопанска комора денеска ќе биде одржана тракалезна маса на тема „Како да се подобри соработката и интеракцијата меѓу развојните капацитети на малите и средни претпријатија, здруженијата на граѓани и универзитетите од една страна и јавните институции од друга страна".

Тркалезната маса се спроведува во рамки на проектот „Јакнење на локалните бизниси за предизвиците на глобалните пазари".

На настанот ќе бидат презентирани активностите на проектот и нивна реализација, ќе бидат пренесени искуствата на МСП кои се вклучени во проектот и ќе се развие дискусија како да се изнајде начин за подобрување на соработката меѓу бизнисите, образовните институции и граѓанскиот сектор со јавните институции, а со цел подобрување на конкурентноста на Р.Македонија на светските пазари.

На крај на настанот ќе се презентира предлог меморандум за соработка на сите засегнати страни што ќе биде споделен со сите присутни да може да го коментираат во своите институции и истиот да го потпишат. /МИА

Матурантите направија хаос во Загреб- 13 приведени (ВИДЕО)

Полицијата приведе 13 матуранти во Загреб, откако направија хаос во центарот на градот.

Освен приведените 13 матуранти , брзата помош интервенирала за 11 од нив , кои биле во алкохолизирана состојба.

Според организаторите , матурантите од 12 до 13 часот денеска требало да се движат по позната маршрута низ центарот на градот , но дел од 5 – те илјади , решија да се забавуваат со капење во градските фонтани , фрлање димни бомби и боја.

Трамвајскиот сообраќај беше во прекин , а полицијата ги предупреди граѓаните денеска да го избегнуваат центарот на Загреб. Полицијата е во потера и по еден матурант , за кого сметаат дека има пиштол.

Шест лица загинаа , откако беа објавени резултатите од изборите во Индонезија (ВИДЕО)

Во бунтот во Индонезија по објавувањето на резултатите на претседателските избори , загинаа најмалку шест лица,a над 200 се повредени.

Во насилните демонстрации во Џакарта , откако беше објавено дека победил претседателот во заминување Џоко Видодо, загинаа најмалку шест лица.

Демонстрациите ги организираа противниците на Видодо , приврзаниците на генералот Прабов Субиант. Полицијата користеше солзавец за да ги растера демонстрантите.

,, Во девет часот наутро (по локално време) имавмед над 200 повредени , кои се однесени во пет болници.” , изјави гувернерот Аниес Басведан за локалните медиуми.

Османи: ИРИ е неповратно вграден во политичкиот и демократскиот развој на земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу.

Како што соопштуваат од СЕП, на состанокот биле отворени теми поврзани со можностите за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството, дигиталмната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања, и слично.

Османи упатил благодарност до Макарти за континуираната поддршка што Институтот ја обезбедува за нашата држава и нејзините евроатлантски амбиции како и за постигнатиот демократски напредок.

– Како земја имаме огромен напредок во изградбата на стабилна кохезија во општеството, напредок во обезбедувањето стабилност на меѓуетнички план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со значаен демократски напредок, истакна Османи, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

притисни ентер