Сатурн забрзано ги губи убавите прстени (ВИДЕО)

НАСА објави дека Сатурн со голема брзина ги губи своите прстени , а извештајот се вбазира врз анализите од податоците на вселенските летала Војаџер 1 и 2.

Врз основа на ваквите податоци научниците на НАСА го утврдиле просечниот опериод на настанување и исчезнување на прстените околу Сатурн. некои од нив се микроскопски како прашина, некои имаат широчина и од неколку метри. настануваат преку привлекувањето на гравитацијата на Сатурн и тие се спуштаат кон планетата како дожд од честички од мраз.

Се проценува дека ваквите прстени ќе постојат уште само 100 милиони години , што е кус период за планетата Сатурн , која постои над 4 милијарди години.

Тоа научниците го обкаснуваат со феноменот на намалување на количеството честички , кои би можеле да бидат привлечени од гравитацијата на големата планета.

Се ожени српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ (ВИДЕО)

Денеска се венча принцот Душан Караѓорѓевиќ со неговата долгогодишна девојка Валерија Демузио.

Црковната венчавка се одржа во Опленац , во црквата Свети Ѓорѓе. Принциот Душан и принцезата Валерија се во врска четири години , а во 2018 имаа венчавка пред матичар во Њујорк , каде што живеат.

Заедно решиле да направат и црковна венчавка во Србија и тоа во црквата во која се женеле неговите предци во Опленац.

Кум на свадбата беше најдобиот пријател на српскиот принц Александер Сануи.

Златната палма 2019 за филмот „Паразит" на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху (ВИДЕО)

Златната палма на овогодинашниот Кански филмски фестивал ја доби филмот „Паразит" на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон-ху.

Златната палма ја додели француската актерка Катрин Денев, заедно со претседателот на жирито Алехандро Гонзалес Ињариту.

Големата награда на Канскиот филмски фестивал, пак, беше доделена на филмот Атлантик на Мати Диоп.

Наградата за најдобар актер на Фестивалот во Кан ја доби Антонио Бандерас, за неговата улога во Додор и Глорија на Педро Алмодовар.

Филмот Бедници, на Ла Ли и Клебер Мендонса Филихо и Жулиано Дорнелес ја понесе наградата на жирито на Фестивалот, а Златната камера во 2019 оди во рацете на Цезар Дијаз за Нашите мајки.

Дефиле на ѕвездите во Кан на премиерата на филмот ,,Сибил” (ВИДЕО)

Оливија Kулпо им се приклучи на другите ѕвезди на црвениот килим на премиерата на ,,Сибил” на последниот ден од Филмскиот фестивал во Кан.

Оливија Кулпо ја прикажа својата неверојатна фигура во бел фустан од  тантела на синоќешната премиера.

На неа беше и 27- годишната Мис на САД, потоа Мила Јовович и другите филмски ѕвезди и старлети.

На премиерата на една од актерките и се одврзаа сандалите, па за малку ќе паднеше на скалилата среде црвениот тепих, додека старлетите го искористија присуството на бројните фоторепортери за да ги покажат најновите модни креации.

притисни ентер