Клонирано куче , филмска ѕвезда во Кина (ВИДЕО)

Кинеските научници првпат во историјата клонираа куче, и тоа филмска ѕвезда.

Клонирано е кучето ,,Џус”, кој со своето појавување во бројни кинески филмови, на својот газда му донесе заработка во милиони. Но, сега „вистинскиот“ Џус е остарен, па некој треба да го замени и да ја продолжи работата.

Токму затоа, неговиот сопственик се одлучи да го клонира, со надеж дека и младиот Џус ќе биде така успешен.

Дефиле на ѕвездите во Кан на премиерата на филмот ,,Сибил” (ВИДЕО)

Оливија Kулпо им се приклучи на другите ѕвезди на црвениот килим на премиерата на ,,Сибил” на последниот ден од Филмскиот фестивал во Кан.

Оливија Кулпо ја прикажа својата неверојатна фигура во бел фустан од  тантела на синоќешната премиера.

На неа беше и 27- годишната Мис на САД, потоа Мила Јовович и другите филмски ѕвезди и старлети.

На премиерата на една од актерките и се одврзаа сандалите, па за малку ќе паднеше на скалилата среде црвениот тепих, додека старлетите го искористија присуството на бројните фоторепортери за да ги покажат најновите модни креации.

Бесен Американец на Миконос: За шест порции лигњи и пиво платил 839 евра

Војникот од Бруклин , Американецот Циско Рок на социјалните мрежи се пожали на лошото искуство и цените на грчкиот остров Миконос.

Тој бил на одмор на Миконос со пријателите , па решиле да одат на ручек . Нарачале шест порции лигњи , шест пива и салата. За скомниот ручек требало да плати над 839 евра . Една порција лигњи чинела околу 100 евра , а само за пивата платил 150 евра. За три салати платил 60 евра , а еден сок од домати го чинел Американецот 18 евра.

Кога дошла сметката Циско и пријателите останале шокирани. Се обидувале да им објаснат на персоналот од ресторанот DK Oyster дека сметката е неверојатно висока.

Циско го раскажа своето искуство и рече декакога влегле во рестортанот на Миконос, не им дале ценовник , иако побарале.

,,Избегнувајте го ова место, тоа е стапица за туристи!На плажа да се плати 836 евра за лигњи , шест пива и три салати е тешка измама, а персоналот е нељубезен и одбива да ви го даде ценовникот.” , напиша Американецот и на Трип Адвајзор за ресторанот на плажа на југот на островот , кој на овој сајт за туристи има четири ѕвездички.

На тоа се надоврза и британски турист , кој за прошек и џин платил 38 евра, а не му дале ценовник кога нарачувал.

Од ресторанот на Миконос му одговорија на Американецот дека неоправдано ги критикува со закана дека против поединци , кои шират лоши гласини за ресторанот ќе поведат правни акции.

На крај ги повикаа сите да дојдат и да проверат и самите зошто цените се такви , какови што се наведени и на ценовникот на влезот.

,, Ве молиме да дојдете и да пресудите. Не дозволувајте на луѓето да ве измамуваат со бројки , што кажуваат мал дел од приказната.” , изјавија од управата на ресторанот на Миконос за американските медиуми.

Монструм осуден на две доживотни казни -Држел девојче во заложништво и ги убил нејзините родители (ВИДЕО)

Американецот Џејк Патерсон (21) е осиден на две доживотниз атворски казни , откако ја држеше 88 дена 13- годишната Џејми Клос , а претходно ги уби нејзините родители.

Американецот од Висконсин е осуден вчера на две доживотни затворски казни без можност за помилување и уште 40 години за киднапирање на девојчето. патерсон изјавил дека сакал да ја грабне Џејми кога ја видел како излегува од училишниот автобус.

Девојчето по 88 дена успеала некако да избега од куќата во која ја чувал заклучена во декември минатата година. Девојчето го нашло локалната учителка Џин Нутер , која на судот раскажа дека таа била слаба, изнемоштена и нечиста .

Судијата Џејмс Баблер рекол дека злосторството на Патерсон е ужасно и дека тој е опасен за околината поради неговиот нагон да зема девојчиња од училишен автобус и да им ги убива родителите.

Патерсон ги застрелал мајката и таткото на Џејми во нивната куќа додека спиеле , а потоа го грабнал девојчето и ја одвел 97 километри подалеку , во колиба каде што ја чувал.

Џејми успела да избега кога Петерсон излегол од колибата . ,, Ги запознав неговите секојдневни навики и потоа си ја вратив слободата. јас ќе бидам слободна , а тој не.” , рече Џејми.

притисни ентер