Аманда (46) од Дрогеда во Ирска, пред помалку од една години наводно се омажила духот од Хаити. Сега сака да се разведе бидејќи како што изјавила неколку пати завршила во болница поради “сексуалните односи“ со него.
Таа наводно уште во јуни била хоспитализирана поради сепса, а не разговара со Џек цели шест месеци.
Духот на Џек Спероу (инаку лик од филм кој го толкува Џони Деп во филмот „Пиратите од Карибите“) наводно го запознала уште во 2014 година. Еднаш се уплашила дека останала бремена откако имала со него “сексуални односи“. За ова неодамна зборувала и во емисијата „ITV’s Loose women”, пренесува „Индепендент“.
Парот бил венчан во интернационалните води долж брегот на Ирска, а наместо Џек, судбоносното “да“ го изговорил нејзиниот личен пророк.
Платила скоро шест илјади фунти за да го промени своето презиме во Спероу.
За да личи што повеќе на Џони Деп од споменатиот филм, Аманда направила исти тетоважи, вметнала златни заби и се шминкала исто како актерот. Бидејќи сличноста со ликот од филмот била голема, некое време работела и како имитатор на Џек Спероу.
„Чувствувам дека е време сите да дознаат дека мојот брак е завршена“ –напишала неодамна на социјалните мрежи.
Аманда навела и дека љубовната врска со духовите не е нешто со што “можете да си играте“.
Сепак, таа не открила поради што точно сака да се разведе.