Совет за безбедност на ОН денеска ќе се состане за Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска во Њујорк ќе ја разгледува ситуацијата на Косово, по барање од Белград поради одлуката на Приштина за трансформирањето на безбедносните сили во оружени сили на Косово.

На седницата учество најавија претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи.

Официјален Белград оценува дека со одлуката за трансформација на косовските безбедносни сили грубо се крши резолуцијата 1244 која предвидува меѓународно безбедносно присуство, а не воспоставување оружени сили.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер