Зошто Младен Чадиковски е нелегитимен престедател на ЗНМ!

Анализа на скандалозното Изборно Собрание

1. ЗНМ, на 13ти ноември, во 17.30 час., на седница на управен одбор, носи одлука дека 5ти декември е последен ден за зачленување на нови членови, што е спротивно на одредбите од статутот.

Седницата нема кворум, па дополнително телефонски е повикана членка на у.о., која нормално гласала „за“.

Спорно 1: зошто е направен исклучок за т.н. Електронско гласање, иако овде станува збор за аудио конференција? Лицето кое е повикано да гласа телефонски е новинарката Фиљана Кока од МТВ.

Спорно 2: зошто само еден член од у.о. На ЗНМ кој не бил присутен на седницата е повикан да гласа преку телефон, а не и останатите кои не биле присутни?

Заклучок 1: овие два спорни моменти се директно спротивни на статутот на ЗНМ, со што и одлуката донесена на оваа седница, а се однесува на последниот ден/рок за зачленување, е нелегитимна

2. 12ти декември беше последниот рок за пријавување на кандидати за претседател и останатите одбори. И Младен Чадиковски и Столе Наумов, формално правно тој ден ги поднесоа своите кандидатури. Чадиковски, покрај кандидатурата поднесе и програма, а Наумов најави дека програмата ќе ја претстави на самото изборно собрание, во сабота на 15ти декември

Спорно 3: кој го овластил Насер Селмани 10на дена претходно, да го претставува пред своите членови како негов личен и кандидат на ЗНМ за следен претседател? Истовремено убедувајќи ги тека тој е човекот кој „обединува“?

Спорно 4: кој му дал право на Насер Селмани и директорот на ЗНМ Драган Секуловски, со службено возило, да го промовираат Младен Чадиковски како кандидат за претседател на ЗНМ, иако, тој истиот Младен Чадиковски во тие моменти не поднел кандидатура?

Спорно 5: дали управниот одбор на ЗНМ и сите членови се прашани и дали сите дале дозвола да се користат ресурси на ЗНМ, за претставување на кандидат кој самиот управен одбор не го одобрил?

Заклучок 2: овие 3 спорни моменти со фаворизирањето на Младен Чадиковски,директно и недвосмислено го делегитимираат изборното собрание, при што постои можност покренување на постапка за дело – злоупотреба на службена позиција

3. На 11ти ноември, новинарот Венцо Донев заедно со кандидатот за претседател Столе Наумов, во присуство на директорот на ЗНМ, Драган Секуловски констатирале дека списоците се затворени, и дека 531 новинар има право на глас на утрешниото, саботното изборно собрание, кое се случи на 12ти декември

на 12ти декември , мистериозно и чудесно, конечниот список кој само неполни 12 часа претходно содржел  531 имиња на новинари, сега е зголемен и има 555 имиња на новинари

спорно 6: кој и како дозволил регистрирање на нови членови, иако на 13ти ноември, самиот Насер Селмани на нелегитимна сеница на у.о., донел одлука дека последен рок за зачленување е 5ти декември?

Заклучок 3: ова покажува дека некој во ЗНМ, случајно или намерно, направил промена на избирачкиот список, со што во целост го делегитимирал изборното собрание, но притоа некој направил и кривично дело. Останува да се види, кој?

4. На 12ти ноември, членот на верификационата комисија, Горан Трепноски, објавува дека се присутни 175 новинари со право на глас. Истите ревносно се запишани во списокот, и се информирани дека можат да гласат.

Членот 34 став 2 од Статутот на ЗНМ вели дека „претседателот на ЗНМ се избира со мнозинство гласови од присутните на изборното собрание“, а тоа значи:

За да некој од кандидатите победи треба да има мнозинство кое се пресметува со делење на бројот на присутни новинари, 175, со бројот 2, а резултатот се заокружува на најблиската поголема цифра, во овој случај 88

спорно 7: Зошто Насер Селмани и неговите поддржувачи се обидуваат целата македонска јавност да ја доведат во очигледна заблуда, и да ни претстават дека 86 е мнозинство од 175 ? Одговорот е едноставен ие јасен за медиумските работници.
Очигледно дека на Селмани и другарите од ЗНМ им е јасно кога ќе се смени ова раководство, но и нивните верни служби во ЗНМ, новиот претседател ќе мора да даде детален финансиски отчет, особено во делот на делењето на хонорари. Е тука ќе биде многу интересно !

Заклучок 4: Младен Чадиковски добива 86 гласови, а Столе Наумов 77. Ниту Чадиковски, ниту Наумов не се победници, и според статутот на ЗНМ, но и според здравата логика треба да се организира втор круг, или во најлош случај ново изборно собрание.

Втор круг не се организираше поради радоста на Селмани и Чадиковски од очигледната пирова победа, така да е неминовно ново Изборно Собрание на ЗНМ.

Стравот од соочување на колегите новинари, јавноста и особено странските донатори со вистината е проблематична за сегашниот тим на ЗНМ. Но, ние, новинарската фела,  сме трпеливи...

Пендаровски: Вистинското место за лидерска е кај шефот на државата

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски смета дека вистинското место за лидерската средба е кај шефот на државата.

-Не би сакал да ја поткопувам иницијативата на премиерот за лидерска средба за важни прашања, сепак сметам дека вистинското место за лидерската средба е кај претседателот на државата, вели Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

-Сакам да бидам искрен. Мислам дека за неколку битни прашања, како што е на пример идната позиционираност на СЈО во нашиот правосуден систем или пописот кој за жал почна да се политизира, иако законот се уште не е донесен и неколку други слични битни работи, мислам дека вистинското место за средби е кај претседателот на државата, нагласува тој.

Пендаровски додава дека се сомнева оти заради големата политичка поделба меѓу двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е можна продуктивна средба од тој формат кога едната или другата партија е организатор. 

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

притисни ентер