Мицкоски уште еднаш го повика Заев на дуел

Од Гимназија „Кочо Рацин" до плоштадот С'Рмаале низ главните велешки улици до центарот на градот  денеска протестираа граѓани на Велес предводени од лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Потсети дела пред неколку дена од пред платото на Владата го повикал Зоран Заев на дуел и уште еднаш го повика, како што рече да се охрабри да излезе.

-Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме, му порача Мицкоски на Заев.

Во своето обраќање до присутните тој им се заблагодари што одвоиле време да им се придружат и го искажат како што рече револтот против актуелната власт.

– Кога ве гледам вака, горди, пркосни и исправени пред сите овие неправди кои што оваа ненародна влада, ги води во Република Македонија Овде сум да ви ја пренесам пораката што во изминатите студени денови од декември громогласно се пренесува низ улиците и плоштадите ширум Р.Македонија,а тоа е Македонија е вечна, власта не е, рече Мицкоски

Тој оцени дека во изминатите скоро 19 месеци централна и повеќе од една година локална власт се случуваат само црнила и темнина.

-Многу луѓе ме прашуваат зошто зборуваш за економијата. Ќе зборувам за економијата се додека не им падне срам и додека не им биде жал за сите лаги кои ги изнакажаа ширум Македонија за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017, рече тој и додаде дека на следните претседателски избори ќе бидат тест за власта.

Ја обвини власта дека тргува со правото и правдината. -Зарем тоа е таа правда и правдина која што ја барате. Зарем правдата е Зоран Заев да гледаме и слушаме како бара мито да биде ослободен, а недолжни патриоти да се држат во затвор и по зандани затоа што имале единствена цел а тоа било како да си ја заштитат и одбранат државата. Зарем тоа е правда и правдина. Па сега ќе излагаат и ќе го злоупотребуваат зборот помирување. Какво е тоа помирување кога на дневна основа вршите притисок врз граѓаните на Република Македонија и врз ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најави дека ќе продолжат да протестираат ширум плоштадите и улиците.

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел, се откажав од надомест

Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки, вели Петровска.

Како што ветив транспарентност од почеток до крај на процесот против изнесените лаги, клевети и навреди од страна на Драган Ковачки врз мене сакам да Ве известам дека Основниот граѓански суд во Скопје по сите прикажани докази од моја страна донесе одлука со која се утврдува дека тужениот Драган Ковачки искажал невистини и лаги односно неправедно ме клеветел во јавност со цел ми го наруши угледот и честа во очите на јавноста. Ова го објави предмалку министерката за одбрана Славјанка Петровска на нејзиниот фејбук профил.

- Овој е само еден од низата примери на неодговорно, нечесно и валкано однесување на политичката сцена од страна на Ковачки. Како што кажав и на почетокот во медиумите: "Пари од нечесник не сакам" и Ве известувам дека се откажав од паричниот надомест, напиша Петровска.

На ФБ министерката за одбрана напиша дека секој го прави тоа што најдобро го знае, „тие со лагите, јас со труд и одговорна и чесна работа“.

Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор

Американското Министерство за транспорт денеска и додели 60 милиони долари на сојузната држава Мериленд за помош по уривањето на мостот Френсис Скот Ки откако во него удри товарен брод.

Гувернерот на Мериленд Вес Мур претходно побара средства за помош во „мобилизацијата, операциите и отстранувањето на отпадот“.

Мур додаде дека овие средства ќе ги постават темелите за брзо закрепнување.

Инаку, по уривањето неколку работници паднаа во водите на реката Патапско. Телата на двајца мажи, на возраст од 35 и 26 години, беа пронајдени во средата, на 7,6 метри под вода во реката Патапско.

Жртвите паднале од височина од 50 метри во водата, која била околу -1 Целзиусов степен во моментот на падот, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Несреќата се случи во вторникот откако товарниот брод „Дали“ удри во еден од столбовите на мостот. /МИА

Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени

Земјотрес со јачина од 5,7 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, беше регистрирани кусо по 9 часот во морскиот дел западно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот беше почувствуван во целиот регион на Пелопонез, особено во западниот дел, но и во Атина.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Геодинамичкиот институт првично објави дека биле регистрирани два земјотреси од 5,6 и 5,7 степени со неколку секунди разлика, нешто што кусо подоцна го промени во еден земјотрес, а и според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, станува збор за еден земјотрес со јачина од 5,7 степени. /МИА

притисни ентер