МНР: Идентификувани се двајца, од тројцата македонски државјани кои загинаа кај Лесковац

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека досега се идентификувани две од трите лица, маж и две жени, кои загинаа ноќеска во кога автобус на Еуро Бус се излизга од патот во близина на Лесковац, Србија.

Станува збор за В.Ш., маж на 68-годишна возраст од с. Бучин, Крушево и К.К., жена исто така на 68-годишна возраст од Кочани. На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи.

Кај третата жртва не се пронајдени документи и засега, како што посочуваат од МНР, нема потврда за нејзниот идентитет.

Освен тројцата загинати во несреќата се повредени 32 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се во животна опасност. Овие лица се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно повредените 28 лица се згрижени во општата болница во Лесковац.

Од МНР информираат дека сместување ќе им биде обезбездени на сите повредени кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

Кон Лесковац во посета на болните и на местото на несреќата се упатија министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник на македонската амбасада во Белград.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер