Во несреќата кај Лесковец тројца загинати, 32 повредени, 4 патници во критична состојба

Патниците од Битола за Виена, своето патување несреќно го завршија во Лесковец соседна Србија.

  Автобусот на компанијата „Еуробус“ од Струга тргнал вчера вечер во 19 часот од Битола и се упатил кон соседна Србија, каде се случила несреќата. Во 1.40 часот на влезот на градот Лесковец се превртел автобусот.

Според снимките од јужниот дел од Србија, синоќа овде имало големи врнежи од леден дожд, што преминал во врнежи од снег, а патот бил замрзнат.  Според првичните информации автобусот се излигал, по што излетал од патот ја прбил заштитната ограда и се превртел.

По пријавата на несреќата брзата помош и противпожарната служба од под автобусот извадиле три безживотни тела на маж и две жени.  32- ца завршиле во болниците во Лесковец и Ниш. 4ца од повредните се во животозагрозувачка состојба со повреди на главата, градниот кош и рбетниот столб. Двајцата возачи не се повредени и се под истрага.

Според изјавите на полесно поврдените пациенти, скоро сите спиеле во автобуост и силното викање и ударот ги разбудило, потврдуваат докторите од лесковачката болница, за примените пациенти кои се уште се во шок.

Автопатот кај Лесковец е чист, автобусот стои покрај патот и сведочи за трагедијата што ја доживеа патниците од Македонија. Истрагата треба точно да покаже што навистина се случило која била причината за автобуската несреќа. Во посета на повредените се тргнати и министрите за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на владата Драги Рашковски.

Народна банка со низа активности ќе ја одбележи Глобалната недела на парите

Народна банка по повод Глобалната недела на парите, која почнува од утре, ќе реализира активности за јакнење на свеста за потребата од поголема финансиска писменост и ќе ги промовира предностите од поголемата финансиска вклученост.

Посебен настан ќе биде националниот натпревар во рамки на Европскиот квиз на парите што за првпат ќе се одржи во нашава земја. Оваа активност е на иницијатива на Македонската банкарска асоцијација, а во извршувањето покрај Народната банка, се вклучени и Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука. На натпреварувањето, на 27 март, ќе бидат избрани победниците кои ќе ја претставуваат земјава на финалето што ќе се одржи во Брисел во организација на Европската банкарска федерација.

Како најава на активностите за одбележување на Глобалната недела на парите, вчера Народна банка почна да го објавува серијалот текстови „Економија за секого", преку кој, на едноставен јазик, за пошироката јавност се објаснуваат одредени поими или појави од областа на макроекономијата, финансиите и банкарството. 

Народната банка започна и едукативен караван со кој за ученици од неколку училишта, главно од руралните средни, обезбеди превоз за да можат да ги посетат централната банка и другите регулаторни институции од финасискиот сектор. При посетата на Народната банка, учениците ќе имаат можност да проследат едукативни презентации и да добијат едукативни материјали, како и да го посетат Музејот на Народната банка. Народната банка, како што најавуваат оттаму, ќе ја посетат и деца од една детска градинка во обид и на најмладите генерации да им се доближи значењето на парите. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија

СДСМ наместо да се борат против, тие се борат за криумчарење на мигранти низ Македонија.

Началникот на штипската полиција се уште е на таа позиција, иако е фатен во криумчарење на мигранти. Ова е доказ за лицемерието на СДСМ.

Патем останува нејасно за какви и чии статистики говори СДСМ бидејќи во своите соопштенија ниту еднаш не го користи терминот Македонија.

Сето ова покажува со каков криминален и однароден картел на власт си имаат работа граѓаните. Тоа мора да престане. Почетокот на крајот на заевизмот ќе бидат претстојните избори кога граѓаните јасно ќе ја казнат оваа криминогена структура. /МИА

Започна гласањето за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица

Јавното претпријатие „Камена Река" од Македонска Каменица ги објави пристигнатите предлог проекти по објавениот Конкурс за идејно решение за уредување на парк во Македонска Каменица.

Во моментот како што информира директорот на ,,Камена Река”, Влатко Андоновски трае гласањето за избор на најдобро идејно решение во чии рамки ќе биде земен во предвид и гласот на граѓаните.

-Гласањето ќе трае до 26 Март, заклучно до 12 часот, кога ќе заседава утврдена петчлена комисија. Гласањето од граѓаните на фејсбук профилот на ЈП ,,Камена Река” ќе биде земено како дополнителна сугестија, односно ќе биде вброено како 6-ти глас при одлучувањето, информира Андоновски.

Додава дека наградено ќе биде предлог решението кое ќе добие најмногу бодови согласно гласањето на Facebook страната на ЈП ,,Камена Река” и бодовите добиени од страна на комисијата.

Конкурсот за избор на најдобро решение за уредување на парк се однесува на таканаречениот „Титов парк”, кој е предвидено да се уреди во модерен градски парк, како место за рекреација на граѓаните од М.Каменица. /МИА

притисни ентер