Електричен велосипед со вградени филтри за прочистување на воздухот

Канцерогените ПМ 10 честички кои и оваа зима се проблематични за граѓаните и многубројните но неостварени ветувања од властите за решавање на овој горлив проблем, поттикна група од шест студенти од Машинскиот факултет да направат еко-велосипед.

Канцерогените ПМ10 честички кои и оваа зима се проблематични за граѓаните и многубројните но неостварени ветувања од властите за решавање на овој горлив проблем, поттикна група од шест студенти од Машинскиот факултет да направат еко-велосипед.

Ина и Мартин пред камерата на Канал 5 го претставија својот изум. Станува збор за велосипед на батерии кој има вградено проактивни филтри. Тие ги заробуваат штетните честички со самото ротирање на тркалата. Ова треба да биде еден чекор плус во креирањето на нов еколошки систем на градскиот транспорт.

„Целиот систем за прочистување на воздухот ќе биде составен од филтер материјал кој што ќе биде вграден во држачите, тоа се портокаловите делови. Со самата ротација на тркалото ќе се прима воздухот и ќе се задржуваат некои честички, ќе се отпушта воздухот така што на тој начин ќе се прочистува воздухот,“ изјави Ина Крстевска.

Идејата е велосипедите да бидат поставени на неколку станици низ градот. На корисникот ќе му биде достапна картичка со која ќе може да го користи велосипедот. Цената на изнајмувањето ќе зависи од тоа колку километри се извозени и во која зона од градот. На станиците ќе бидат поставени и полначите за велосипедите.

„Зоните ќе гледаме да бидат поставени каде што има најголема подвижност на луѓето, таму цените за наплаќање би биле најниски бидејќи шансите за да се изнајми повторно се големи. Доколку се постави точакот во зона каде што нема раздвиженост цената ќе биде поголема бидејќи можно е во текот на денот или наредниот период точакот и воопшто да не се употреби истакна Мартин Спасовски, студент.

Проектот е во финална фаза, а велосипедите би биле готови за продажба некаде во март догодина. Овие амбициозни студенти се надеваат дека ќе инспирираат и многу други на различни начини да ја поттикнат јавната свест – и кај институциите да преземат конкретни мерки за загадувањето, но и да ги променат секојдневните навики на луѓето да користат повеќе велосипеди а помалку автомобили.

Јутјубер се расфрла со милиони по победата во боксерски меч (ВИДЕО)

Јутјуберот Џејк Пол објави нова фотографија на својот Инстаграм профил откако го доби третиот боксерски меч.

„1,5 милиони платени прегледи на натпреварите, собрани 75 милиони долари“, напиша тој во објавата покрај фотографијата на која позира со банкноти расфрлани низ тревникот.

24-годишната YouTube ѕвезда неодамна се фрли во боксерските води кревајќи голема прашина. Додека едни веруваат дека тој има место меѓу професионалните боксери, други веруваат дека за Пол тоа е само шоу, глуми и собира пари и дека неговата боксерска кариера ќе заврши штом влезе во ринг со професионален боксер.

Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали со новата тетоважа на задникот (ФОТО)

Ирланд Болдвин ја покажа новата тетоважа на задникот, позирајќи во бикини.

25-годишната ќерка на Алек Болдвин и Ким Бесинџер се пофали на Инстаграм со новата тетоважа. „Ставив нова тетоважа затоа што сум импулсивна“, напиша таа покрај фотографијата во костим за капење, за која од вчера доби повеќе од 18.000 лајкови.

Тетоважите не и ’се туѓи на младата манекенка и актерка, со оглед на тоа што на рацете има разни дизајни. Уште во 2015 година, на нејзиниот зглоб и беше истетовиран зборот Écureuil (верверица на француски јазик), што е наводно прекарот што и го дал нејзиниот славен татко.

Ирланд исто така не се срами да го покаже своето тело, а во неколку наврати дури и Алек Болдвин реагирал на социјалните мрежи за тоа.

Американска пејачка се соблече сосема гола, за да испрати порака (ФОТО)

Американската музичарка Лицо објави гола и целосно нефотошопирана фотографија на Инстаграм.

„Инаку ќе го скратев стомакот и ќе ја измазнев кожата, но сега сакав да ви покажам како изгледам природно“, напиша таа покрај фотографијата направена како дел од кампања, обидувајќи се да предупреди на негативните ефекти на социјалните мрежи и наметнатите стандарди за убавина.

Скоро милион и пол луѓе за неколку часа и ставиле лајк на фотографијата. „Прекрасна си“, „Кралица“, „Ова е толку силно, буквално плачам“, напишаа нејзините следбеници во коментарите.

Раперката редовно ги споделува своите голи фотографии на социјалните мрежи и, како што вели, се обидува да промовира позитивен став кон сите форми и големини на телото.

притисни ентер