Индиецот Праба Камамурти може да биде осуден на 11 години затвор , доколку судот пресуди во корист на неговата сопатничка. Таа спиела во авионот и кога наеднаш се разбудила , во шок забележала дека раката на Индиецот е во нејзините гаќички.
Ситуацијата да биде побизарна , тој седел на средното седиште во авионот , а од другата страна до енго седела сопругата. Но , тоа не го спречило да ја нападне заспаната девојка. Додека 22 годишната девојка спиела , тој и ја иткопчал кошулата и потоа и ја ставил раката во гаќичките.
Девојката наеднаш скокнала и го пријавила напасникот кај персоналот на авионот. По слетувањето , напаѓачот е приведен и против него ќе биде покренато обвинение.
Тој пред полицијата се бранел со приказна дека се напил таблета и дека кога се разбудил се сеќава дека главата на девојката била на неговото колено.
Адвокатите на Индиецот работат на тоа тој да добие казна затвор помала од десет години , зашто неговата приказна била разоткриена дека е лажна.