Почитувани гледачи, последниот работен ден од оваа недела за бистрата и матна македонска политичка сцена, кој ќе не помири од надвор ако не можеме самите од внатре, вечерва на жешкиот икс, две нови во единствената „Само Вистина“ со Павле Трајанов и Мирјана Најчевска.
Политичка амнестија или политичко поткусурување, дали помирувањето стана услов за гласање на Преспанскиот договор?
Можно ли е и по амнестијата да има нови обвиненија?
Кој дозволи да избега Груевски? Дали можеби магично стапче го претвори во невидлив? Домашни, странски или служби од Марс се вклучени во бегството на премиерот?
До кога кадровските чистки ќе бидат пречка за функционирање на правниот систем?
Може ли Трајанов да ни објасни зошто никој од МВР не чувствува одговорност, може ли бегалецот од Будимпешта и натаму да тегне конци во Македонија и по еден месец и странските дипломати да молчат за илегалниот влез во Албанија?
Нема ниту политичка ниту институционална одговорност. Најчевска вперува прст кон судот како еден од виновниците за бегството, прашува зошто порано не бил побаран притвор. Дали барањето за екстрадиција ќе го врати политичкиот азилант?
Како политичките фактори комуницираат меѓу себе, дали злото на јазикот може да вроди со плод?
Имаат ли политичките партии слух за барањата на граѓаните?
Што ни е најпотребно, воздух, храна или политичко помирување?
Кој калкулира само за себе си, а кој и за македонскиот народ, а вечерва во 18.45 минути, во „Само Вистина“ со Павле Трајанов и Мирјана Најчевска, само на Канал 5 Телевизија.