Фудбалер со откачени видеа бара подобри оценки од ФИФА19 (ВИДЕО)

39- годишниот фудбалер Кевин Елисон од англискиот четвртолигаш Моркомб бара подобри оценки од ФИФА 19.

Додека некои фудбалери тоа го прават преку социјалните мрежи , Елисон и неговиот клуб решиле преку видео да докажат дека се побрзџи отколку во оваа популарна видео игра.

Нивниот обид дда си ги подобрат оценките не е ништо ново. И многу познати фудбалски ѕвезди се жалат дека во играта на EA Sports се прикажани како слаби играчи.

Видеото на Елисон , во секој случај стана мега популарно и за помалку од еден месец е прегледано повеќе милиони пати.

Интер го фати Икарди во голема лага

Навивачите на Интер го прогласија за лажго поранешниот капитен на клубот.

При проверката на коленото на Мауро Икарди , докторите рекле дека се е во ред.

,,Мауро Икарди е подвргнат на прегледи на клиниката во Розано , поради болки во десното колено . Тестовите не покажаа промени на коленото во однос на прегледите на почетокот на сезоната.” , објави Интер.

Икарди пред почетокот на наптпреварот на Интер со Сампдорија , пријави поврда на коленото и не играше, најверојатно поради кавгата со клубот. Ваквата лага најверојатно скапо ќе го чини Икарди , па дури може и да се прости од Интер.

Сопругата на Икарди и неговата менаџерка, Ванда Нара му понудила две опции на Интер- јавно да му се извинат на Икарди за навредата , а втората е да му ја вратат капитенската трака.

Врвниот фудбалер на Јувентус има проблеми со срцето

Јувентус објави дека фудбалерот Сами Кедира ќе отсуствува најмалку два месеци поради проблеми со срцето.

Германскиот репрезентативец ќе пропушти најмалку пет натпревари поради вродената срцева аномалија. Нема да игра ниту вечерва во Мадрид против Атлетико во осмина финалето на Лигата на шампионите.

Откако ќе ги заврши испитувањата , Кадира ќе треба да прима терапија за да му се нормализира работата на срцето.

Во Струмица утре почнува меѓународниот „Пандев Куп 2019"

 Со учество на 74 екипи од Македонија, Бугарија, Србија и Романија започнува вториот по ред „Пандев Куп 2019". 

На овој меѓународен турнир ќе учествуваат над 1.500 дечиња во пет различни категории, што го прави најголем и најспектакуларен турнир кај нас.

Младите фудбалери од генерациите 2009 и 2010 ќе го отворат турнирот утре, каде ќе се натпреваруваат во четири групи од по четири екипи, односно две групи од по шест екипи. Турнирот ќе заврши в недела на 24 февруари.

На 28 овој месец стартува и натпреварувањето за генерациите 2006, 2007 и 2008. Овие млади фудбалери ќе се натпреварувааат на терените во Струмица и Дојран, а турнирот ќе биде затворен на 3 март.

– Ваквиот интерес на голем број екипи од повеќе земји го потврдува и фактот дека овој Пандев Куп под водство на најдобриот фудбалер од Македонија на сите времиња Горан Пандев, ќе прерасне во традиција и го добива епитетот за најмасовен и најсилен турнир, информираат од Академија Пандев.

Ова лето на истиот турнир, кој ќе се одржи за повозрасни категории, ќе учествуваат 96 екипи од повеќе земји.

Меѓународниот турнир „Пандев Куп 2019" е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран. 

притисни ентер