Петковски во „Само Вистина“

Петковски: Во Собрание не сум влегол од крвавиот понеделник во 2012 и си помислив „овие се спремни да направат и други гадости“

Нема никој право да инсистира во овој момент со некој посебни заслуги за Македонија да биде ослободен од одговорност за она што го направил. Ако помине ова вака да не одговара тоа ќе биде со кратојк здив до некоја наредна прилика. Ќе ви кажам и ова прв пат го кажувам ,од 2012 не сум влегол во Собрание откако бев исфрлен на клоци од Специјалната полиција од Собранието на црниот понеделник и не се кандидирав ни 2014 ни 2016-та . Но, реков ако ова помине така тие се спремни да направат други гадости, и не се случи тоа така,еве се случи.Не смее да помине неказнето чинот на кривично дело.

Еве луѓето искрено кажуваат дека биле наведени да лажат и некого да штитат. Тврдат дека на 27-ми имало обид за државен удар. Тие не дозволува да се одржа конститутивната седница и да се избере претседател на собранието а претседателот на државата ни срам ни перде вечерта во 22 да кажува дека чекал да види што и како ќе се случува. Синхронизирани се активностите со претседателот на државата со Груевски кој во тој момент беше во Виена. Иванов не го свика Советот за безбедност .И од свои извори знам ,кои до сега не излегле да кажат ,дека Иванов чекал во собранието да влезат од СДСМ и Албанците и он да прогласи државен удар и тогашната влада да остане да си владее до следна прилика.

Начинот на кој Андов ја сваќа мемоарската литература е многу лош. Тој ја деградира улогата на мемоарската литература во расветлувањето на битни датуми. Тој се обиде да ја глорифицира својата улога во тоа време. И особено кога говори за факти и кажете ми вие што е тоа факт дека јас сум отишол кај Глигоров да го терам да си даде оставка. На Андов ,,му се јавив “ преку весник. Но факт е дека јас не сум бил кај Глигоров во таков состав. Андов сакаше да биде втор Глигоров.И ова беше обид ад се корегира сопствената улога во Македонските настани.

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

Лазар Ристовски (71) ужива на Малдивите со 39 години помладата девојка (ФОТО)

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ уживаат на Малдиви.

Аница на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.

„Кога води, не прашувам каде“, напишала 32-годишната актерка во описот на фотографијата на која двојката позира во море.

За потсетување, парот ја потврди врската кон крајот на 2023 година. "Точно е, уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме по разводот, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод", изјавил тогаш актерот за српските медиуми. Двојката глумеше заедно во филмот Dream Team и во серијата Попадија.

Пред врската со Аница, Лазар беше 42 години во брак со сопругата Даница.

Сериозна е состојбата со морбили во Италија- загрижува состојбата во Џенова

Според професорот Матео Басети, доктор и раководител за заразни болести во поликлиниката Сан Мартино во Џенова, бројот на случаи на сипаници кај возрасните исто така прогресивно се зголемува, како што е случајот со децата.

„Во Џенова за 7 дена се појавија 5 случаи кај невакцинирани лица, а сипаниците може да имаат сериозни компликации. Можеме да очекуваме епидемија во наредните месеци“, вели професорот Басети.

Пациентите се на возраст од 15 до 40 години.

„Тоа се луѓе кои не биле вакцинирани или кои не биле заразени како деца. Целната возраст нè наведува да мислиме дека тоа се сите граѓани кои не живееле ниту еден момент во седумдесетите години на минатиот век, сипаниците биле ендемични. Родителите решиле да не да ги вакцинираат и денес би можеле да се соочат со нова епидемија. Наместо тоа, важно е да се вратиме на разговор со населението за важноста на оваа вакцина за да се избегнат компликациите што сипаниците можат да предизвикаат во староста“, објасни професорот.

На прашањето дали Италија треба да се грижи за овие бројки, професорот рече дека засега нема потреба да се вознемирува, но дека е важно да се знае дека во иднина ќе биде тешко да се ограничи појавата на сипаници доколку нешто не се направи.

„Ние лекарите доживеавме раст во периодот од 2008 до 2009 година и во тоа време имаше 114 заболени од морбили, од кои некои поминаа со тешки компликации. 26% од овие пациенти беа тешки случаи, што е загрижувачка бројка бидејќи по 15 години повторно бележиме зголемување на случаите.Досега во Џенова сме имале 5,од кои 3 се лекувале во Сан Мартин.Ова не е пријатна болест во староста.Засега не треба да се вознемируваме, но важно е да се знае дека тоа би било тешко е да се ограничи појавата на сипаници и доволно е да се грижиме“, додаде тој.

Пред сè, пневмонија, која кај возрасните може да доведе до енцефалитис и менингитис, многу сериозни системски компликации кои вклучуваат неколку внатрешни органи.

„Тоа е сè освен тивка болест во зрелата возраст. Најсериозните компликации кај децата се многу ретки, кај возрасните е токму спротивното и болеста може да доведе до епизода на фебрилни конвулзии, па дури и до ниски тромбоцити“, заклучи докторот и апелираше до сите граѓани да се вакцинираат.

Ѓоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.

Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ.

- Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.

притисни ентер