Сублимираниот извештај од главните сугестии и предлози за усовршување на нацрт амандамните во рок од два дена ќе биде доставен до Собранието, наведуваат од Владата преку соопштение.Оттаму потсочуваат дека јавните дебати кои завршиле во предвидениот рок, опфатиле широк спектар на засегнати страни , како и дека дел од експерите оцениле дека нацрт-амандманите се клучен основ за понатамошно опстојување на Македонија и нејзино вклучување во меѓународните организации. Амандманите, како што наведуваат од Владата, ги штитат македонскиот и идентитетот на другите заедници.
,,За време на расправата беа разгледани предлози и сугестии како што се прашањето дали како уставно решение да се набројат сите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, како правни решенија на кои се темели нашата државност, или пак да бидат собрани во еден уставно-правен израз како конститутивни документи на нашата државност. Беше разгледана и опцијата во Уставот да се наведе дека Република Македонија освен за грижата за македонскиот народ во дијаспората, се грижи и за дијаспората на другите етнички заедници.
Сугестиите и и забелешките кои прозлегоа од дебатите, пак според аналитичарот Петар Арсовски нема да имаат суштинско, туку само козметичко влијание врз конечните предлог амандмани. Според него граѓаните очекувале многу повеќе од јавните расправи, во кои, како што вели, недостасувала и поголема вклученост на опозицијата.
„Не верувам дека јавните расправи суштински ќе влијаат на уставните амандмани, од неколку причини. Прво затоа што тие веќе се договорени како дел од Преспанскиот догвоор и веќе се договорени со Грција. Второ бидејќи политичките елити кои учествуваат во донесувањето веќе на некој начин ги имаат услогласено амандманите, така што во најдобра рака овие јавни дебати можат да имаат козметичко влијание на предлог амандманите. Сите оние кои се незадоволни од договорот и од амандманите какви што се, можеби очекуваа во јаванта расправа да има некакви суштински промени, но тие политички се невозможни во моментов“, вели Арсовски во изјава за канал 5.
Со доставувањето на Извештајот од јавните дебати и предлог амандманите до Собранието отпочнува и третата финална фаза од процесот на уставни измени. Во оваа фаза амандмани на предлог-амандманите ќе можат да поднесат и пратениците најдоцна осум дена пред почетокот на пленарната седница, на која доколку Владата сака да го смени Уставот, ќе треба да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот. Седницата, според очекувањата на спикер Џафери, ќе страува на 9ти јануари догодина и ќе финишира со гласање на 15 јануари.