Предлозите, сугестиите и забелешките кои произлегоа од дебатите нема да имаат суштинско, туку само козметичко влијание врз конечните предлог амандмани, смета аналитичарот Петар Арсовски
. Според него граѓаните очекувале многу повеќе од јавните расправи, во кои, како што вели, недостасувала и поголема вклученост на опозицијата.
Зелено светло за вметнување на било кој од изнесените предлози од експертите и граѓаните во предлог амандманите ќе мора да даде и Грција, како втора страна потписничка на Договорот, од кои произлегуваат уставни измени, вели Арасовски.
„Не верувам дека јавните расправи суштински ќе влијаат на уставните амандмани, од неколку причини. Прво затоа што тие веќе се договорени како дел од Преспанскиот догвоор и веќе се договорени со Грција. Второ бидејќи политичките елити кои учествуваат во донесувањето веќе на некој начин ги имаат услогласено амандманите, така што во најдобра рака овие јавни дебати можат да имаат козметичко влијание на предлог амандманите. Сите оние кои се незадоволни од договорот и од амандманите какви што се, можеби очекуваа во јаванта расправа да има некакви суштински промени, но тие политички се невозможни во моментов“, вели Арсовски во изјава за Канал 5.
Со доставувањето на Извештајот од јавните дебати и предлог амандманите отпочнува и третата финална фаза од процесот на уставни измени.
Во оваа фаза амандмани на предлог-амандманите ќе можат да поднесат и пратениците најдоцна осум дена пред почетокот на пленарната седница, на која доколку Владата сака да го смени Уставот, ќе треба да обезбеди двотретинско мнозинство во Парламентот.
Седницата, според очекувањата на спикер Џафери, ќе страува на 9ти јануари догодина и ќе финишира со гласање на 15 јануари.