Доаѓаат празниците, внимавајте на килограмите и здравјето

Доаѓа периодот од годината кога поради празниците и ладното време, сакаме поголем дел од времето да го поминуваме дома и на трпеза со разна храна.

Сето тоа може да го наруши балансот на телото, доколку во текот на изминатите месеци сте биле физички активни или да ни го влоши здравјето, доколку немаме никаква физичка активност.

Важно, токму во ладните и празнични денови, е да не заборавите дека фитнесот овозможува фантастична можност за одржување на здравјето на телото, но и духот, вели Александра Наумовска, персонален фитнес тренер, кој долги години одлично ја разбира оваа работа и преку разни совети на социјалните мрежи, каде е доста активна и актуелна, секогаш ги мотивира сите да вежбаат, барем неколку часа во текот на неделата.

-Не смееме да заборавиме дека првобитна цел на фитнесот е здрава положба на телото и одлично здравје. Ова го истакнувам, бидејќи во последно време се создаде впечаток дека ако вежбаш, прво тоа го правиш за добар изглед и мускули, па потоа за се друго. Секогаш на прво место е здравјето, бидејќи со редовно вежбање, свесни сме за сите здравствени придобивки, посебно сега кога владеат и многу вируси. За да се развие мускулатура,човекот тренира со тежина, за да се запази здрава работоспособност, во планот за тренирање се вметнуваат дополнителни активности, како што е крос трчање и возење велосипед, а вежбите за растегнување, со цел за да се запази подвижноста и еластичноста на телото, се дополнуваат во секоја добро осмислена програма. Имено, многубројните различни физички активности, го означуваат планот, и здравата тренирачка шема. Ова само ни докажува дека на нас е оставен изборот. Да вежбаме она што сакаме и ни одговара според времето и потребите, вели Александра.

Храната е секако најважна. Многупати е зборувано и советувано, што треба да се јаде,а што не. Овој пат само сакам да ги потсетам вашите читатели, посебно тие што не се физички активни, доколку за време на празнициве повеќе уживаат во сарми, торти, баклави, навистина е важно да спортуваат, во најмала рака да пешачат. Ние како персонални тренери сме тука за сите совети, вели Наумовска.

Значи да резимираме. тренирањето би довело до најдобри можни резултати само кога се надополнува со потребната количина на здрава храна. Затоа внимавајте што јадете за време на празниците.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

Најмалку 45 загинати во автобуска несреќа во Јужна Африка

Најмалку 45 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Јужна Африка во која учествувал автобус, соопшти јужноафриканското Министерство за транспорт.

Едно лице е тешко повредено.

Несреќата се случила во близина на Маматлакала, во провинцијата Лимпопо, јавува Ројтерс.

притисни ентер