СДСМ: Со неосновани барања за интерпелации ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочат реформите ниту напредокот

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им сервираше темнина и црнила, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, компаниите ставаа клуч на врата, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ: 

Младите ја напуштаа Македонија, евро-интеграцискиот процес смислено беше закочен а Македонија стана изолирана држава.

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски нуди само деструкција, блокади и одбрана на криминалот на Никола Груевски и соработнциите.

Насилниците од 27-ми април Мицкоски ги прогласи за патриоти со што уште еднаш потврди дека е ист како неговиот ментор, Никола Груевски.

Преку несериозни и неосновани барања, интерпелации и измислици, Мицкоски нема да успее да ги закочи реформите, нема да ги блокира процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ и нема да обезбеди заштита на криминалите на Груевски.

Македонија тргна напред, кон подобра иднина, кон членство во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО и враќање назад нема.

Ќе продолжи растот на економијатa, платите ќе продолжат да се зголемуваат, намалувањето на невработеноста ќе достигне историско најниско ниво, рекордните износи на странски инвестиции во земјава, пораст на извозот, на производството ќе продолжат.

Граѓаните ја поразија криминалната и антонародна матрица на ВМРО-ДПМНЕ и одбраа да градат иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

Тетовец измамен, платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот регион пријавил измама во која дал пари на странска фирма за набавка на роба, па открил дека е измамен по информација од германски служби. Тој нарачувал преку интернет.

- На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен, информира СВР Тетово.

Тетовската полиција работи на расчистување на случајот.

Двајца премиерлигаши уапсени поради силување

Англиските медиуми објавија вознемирувачки вести. Двајца 19-годишници, кои се професионални фудбалери во Премиер лигата, се уапсени поради обвинение за силување минатиот викенд, а информацијата ја потврдија од англиската полиција.

Не е наведено во која екипа настапуваат фудбалерите, ниту е познат нивниот идентитет, но познато е дека и двајцата играат за истиот тим кој се натпреварува во елитното ниво на англискиот фудбал.

Според британски „Телеграф“, еден од играчите бил сослушан на клупскиот стадион, додека другиот е приведен бидејќи е осомничен дека помагал во извршување на кривично дело.

Сексуалниот напад за кој се обвинети фудбалерите се случил во петокот, а жртвата веднаш се јавила во полиција, а неколку часа подоцна поднела официјална пријава.

Се наведува дека клубот нема дополнително да коментира и дека работата е во рацете на полицијата.

Ова не е прв пат да се случи ваква ситуација во Премиер лигата. Претходно беа покренати обвиненија против Мејсон Гринвуд и Бенџамин Менди, но на крајот ниту еден од двајцата фудбалери не беше осуден. /МИА

Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе има зголемена облачност со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Во втората половина од ноќта ќе има зголемување на облачноста и на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 25 степени Целзиусови.

И во Скопје е сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во втората половина од ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 21 степен Целзиусов.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има повремени врнежите од дожд, а на планините повремен снег. Локално врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната од 5 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје минималната температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 15 степени Целзиусови.

Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.

притисни ентер