„Само Вистина“ вечерва со Александар Даштевски и Алберт Муслиу

Вечерва во „Само Вистина“ ќе дебатираат Александар Даштевски и Алберт Муслиу.

Дами и господа, првиот ден од оваа работна недела, се прашуваме како да се помириме и да си простиме во име на на нас, и на нашата Македонија.Кој прв ќе дигне два прста,  парламентарците, политичките лидери, или тајните агенти, и кој ќе признае – да јас бев тој? Вечерва на пултот на Само Вистина, сериозен дуел ќе имаат Александар Даштевски и Алберт Муслиу.

Дали во Шутка лежат вистинските виновници или жртвите на политичкиот пазар?

Се руши ли империјата на ВМРО-ДПМНЕ или се гради тивко под превезот на „жртвени јагниња“?

Има ли надеж за екстрадиција на Груевски, или и тој ќе биде заборавен со дневно-политичките случувања како сите обвинети што избегаа од рацете на правдата?

Дали сведоците кои почнаа да зборуваат за настаните од 27 Април, фрлаат ново светло за многу настани, започнуваат ли да одекнуваат „гранати“ во судовите?

Професорот Даштевски протестира против притворите за 27-ми април, според него „нема основа за притвор и мора да  бидат ослободени невините луѓе. А што вели за исказите на обвинетиот Александар Василевски? Дали македонските граѓани се под опсевација на тајната агентура? Вистина или шпекулација, дали Нинџа го следел и Алберт Муслиу?

Што ќе донесе новиот ден, станаа ли извршителите на настаните од 27-ми април сведоци за вистинските намери на политичките сценарија, кој ќе се дистанцира од криминалот, а кој ќе балансира со прагматизмот, за играчите со кукли во македонскиот парламентарен дом и вечерва на жешкиот пулт резервиран за Само Вистина, со Александар Даштевски и Алберт Муслиу, ексклузивно на Канал 5 Телевизија.

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер