Трамп ја именува поранешната новинарка за амбасадорка во ОН

Американскиот претседател денеска ги објави имињата на двајца важни позиции во неговата администрација.

Трамп објави дека ја именува Хедер Науерт, поранешна новинарка во телевизијата Фокс за амбасадорка на САД во Обединетите нации , додека Вилијам Бар , поранешниот соработник на починатиот претседател Џорџ Буш го именуваше за министер за правосудство.

Науерт лани беше рпомовирана во портпарол на американската дипломатија , иако немаше никакво претходно искуство.

,, Исклучително е надарена и паметна жена . Мислам дека сите ќе ја почитуваат.” , рече Трамп во Белата куќа по нејзиното именување.

Науерт (48) , која има дипломирано новинарство на Универзитетот во Колумбија, ја почна кариерата во АБЦ , за да премине во телевизијата Фокс. Досегашната амбасадорка во ОН,  Ники Хајли поднесе оставка на почетокот на октомври.

Трамп денеска објави и дека го именува Вилијам Бар (68) , угледен републикански правник , за министер за правосудство , кој на истата позиција бил и за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш постариот. Двете именувања преба да ги потврди Сенатот.

На границата меѓу Колумбија и Венецуела стигна американска хуманитарна помош!!

Американската војска донесе повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата во Венецуела.

Оваа хуманитарна помош би требало да ја дистрибуираат  поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кога САД го призна за претседател на Венецуела.

-Ова не е првата , ниту пак последната помош, изјавил официјалниот претставник на УСАИД Марк Грин во Кукута при предавањето на помошта во овој пограничен град полн  со мигранти од Венецуела.

Претходната помош била испорачана преку комерцијални летови.

Инаку во оваа испорака имало 180 тони храна и средства за хигиена и друга роба намената за повеќе од 25 000 луѓе.

Путин и Макрон разговарале за Сирија

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануаел Макрон  разговарале преку телефон за состојбите во Сирија и Украина, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател го информирал претседателот на Франција Макрон за договорите на самитот во Сочи на кој присуствувале државите кои го гарантираат процесот во Астана за решение на состојбата во Сирија.

Двајцата претседатели ја нагласиле потребата за промовирање на сирискиот внатрешен политички дијалог како и одржувањето на руско – францускиот контакт за Сирија, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесе ПАСС.

За Украина, „Путин  го предупредил Макрон на антируската реторика“ на Киев во контекс на претседателските избори во март.

Средба на коалицијата предводена од СДСМ, консултации за консензуален претседателски кандидат

Во седиштето на СДСМ  се одржува работен состанок-средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ којашто заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, околу можностите да се дојде  до консензуален кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

Ова е прва средба на коалицијата предводена од СДСМ. Деновиве е предвидено консултациите да продолжат со партиите коишто се дел од владината коалиција, со парламентарни но и други партии.  

Пред седиштето на СДСМ е Ивана Стојановска.

притисни ентер