Иванов:Небулозни се тврдењата дека се планирала воена состојба на 27 април

Дали истрагата ќе стигне и до кабинетот на претседталот Иванов? Сведочењата на браќата Младеновски и на Александар Василевски Нинџа,  компромитираа двајца од неговите најблиски соработнции.

Шефот на државата Ѓорге Иванов демантира било каква вмешаност на неговиот кабинет, УБК и Генералштабот на АРМ во настаните од 27 април. Но, потврди дека генерален секретар на неговит кабинет Борис Јосифовски било во салата на осмиот кат во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ од каде, како што тврдат дел од обвинетите во своите сведочења за крвавиот четвротк,  се давале наредбите за организираниот упад во Парламентот.

Иванов уверува дека во неговиот кабиент ниту  се разговарало, ниту се размислувало за прогласување воена или вонредна состојба. Ги повика странските пртставници конкретно да посочат од која амбасада доаѓал наводниот пристиок со кој требало да бисе спречено наводното сценарио за прогласување вонредна состојба. Иванов тврди дека неговиот Кабинет е менат на лажни обвинувања подолг временски период. Вели ова е очаен обид за инволвирање на претседателскиот кабинет во настаните од 27 април.

Сите информации со кои располагале престедателскиот кабинет, УБК и Генералштабот за случувањата на 27 април, вели Иванов, биле доставени до Обвинителството. Спроед Иванов истазите кои деновиве беа дадени во судот се лажни, апелираше до надлежните институции да побараат веродостојни информации од надлежните иснтитуции. Претседателот Иванов кој по подогл временски период по обраќањето одговараше и на прашањата упатени од новинарите повори дека нема да отстапи од совоите ставови.

Задолжително зимска опрема во возилата на патниот правец Кочани-Делчево-Берово

Поради интензивни врнежи од снег се воведува задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат".

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата. 

МНР: Идентификувани се двајца, од тројцата македонски државјани кои загинаа кај Лесковац

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека досега се идентификувани две од трите лица, маж и две жени, кои загинаа ноќеска во кога автобус на Еуро Бус се излизга од патот во близина на Лесковац, Србија.

Станува збор за В.Ш., маж на 68-годишна возраст од с. Бучин, Крушево и К.К., жена исто така на 68-годишна возраст од Кочани. На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи.

Кај третата жртва не се пронајдени документи и засега, како што посочуваат од МНР, нема потврда за нејзниот идентитет.

Освен тројцата загинати во несреќата се повредени 32 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се во животна опасност. Овие лица се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно повредените 28 лица се згрижени во општата болница во Лесковац.

Од МНР информираат дека сместување ќе им биде обезбездени на сите повредени кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

Кон Лесковац во посета на болните и на местото на несреќата се упатија министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник на македонската амбасада во Белград.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Мицкоски: Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Народот ќе ви врати на следните избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестениот марш во Велес.

-Да им порачаме - Македонија е вечна, а власта не е. Повеќе од 19 месеци се централна влада во Македонија и повеќе од една година се локално раководство во најголемиот дел од градовите во Македонија. Но, за ова време има само црнила и темнина. Не ги исполнија ветувањата и не ги реализираа очекувањата, рече Мицкоски .

„Велеа живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа и затоа овде од Велес ќе им порачам- колку побрзо заминете, толку побрзо ќе и` се раздени на Македонија, а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори. Овој народ ќе ви врати на следните претседателски избори“.

притисни ентер