Министерот Спасовски во посета на полицискиот центар „Ѓорче Петров"

Министерот  за внатрешни работи Оливер Спасовски и дел од  раководството на Министерството за внатрешни работи денеска го посетија  Полицискиот центар  „Ѓорче Петров" .

Во Полицискиот центар  „Ѓорче Петров"  се полициските службеници кои се дел од селективната обука за прием во  Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка ги презентираа стекнатите професионални знаења.

– Јас и моите соработници, свесни за важноста и императивите за динамично реформирање на полицијата и нејзина трансформација во вистински сервис на граѓаните, во современа  исклучиво професионална институција согласно сите модерни и во светот признати стандарди на полициското работење, ќе сториме се во рамки на законските и финансиски можности да ви овозможиме што е можно поквалитетни предуслови за работа, рече министерот Спасовски пред полициските службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски информираше дека во тек е набавка на комплет униформа за припадниците на овие две единици, спортска униформа за трите единици во Одделот  и десет специјални возила за воспоставување  јавен ред и мир за ЕБР И ПЕП .

– На вас останува своето знаење, вештини, професионална етичност и интегритет да ги вложите во името на сопствените амбиции, но  и во име на законите – со цел заедно да изградиме полиција со којашто ќе се гордеат граѓаните, потенцирал Спасовски.

На границата меѓу Колумбија и Венецуела стигна американска хуманитарна помош!!

Американската војска донесе повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата во Венецуела.

Оваа хуманитарна помош би требало да ја дистрибуираат  поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кога САД го призна за претседател на Венецуела.

-Ова не е првата , ниту пак последната помош, изјавил официјалниот претставник на УСАИД Марк Грин во Кукута при предавањето на помошта во овој пограничен град полн  со мигранти од Венецуела.

Претходната помош била испорачана преку комерцијални летови.

Инаку во оваа испорака имало 180 тони храна и средства за хигиена и друга роба намената за повеќе од 25 000 луѓе.

Путин и Макрон разговарале за Сирија

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануаел Макрон  разговарале преку телефон за состојбите во Сирија и Украина, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател го информирал претседателот на Франција Макрон за договорите на самитот во Сочи на кој присуствувале државите кои го гарантираат процесот во Астана за решение на состојбата во Сирија.

Двајцата претседатели ја нагласиле потребата за промовирање на сирискиот внатрешен политички дијалог како и одржувањето на руско – францускиот контакт за Сирија, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесе ПАСС.

За Украина, „Путин  го предупредил Макрон на антируската реторика“ на Киев во контекс на претседателските избори во март.

Средба на коалицијата предводена од СДСМ, консултации за консензуален претседателски кандидат

Во седиштето на СДСМ  се одржува работен состанок-средба на партиите од Коалицијата предводена од СДСМ којашто заеднички настапи на последните парламентарни избори.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар, да направи консултации со коалициските партнери како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, околу можностите да се дојде  до консензуален кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

Ова е прва средба на коалицијата предводена од СДСМ. Деновиве е предвидено консултациите да продолжат со партиите коишто се дел од владината коалиција, со парламентарни но и други партии.  

Пред седиштето на СДСМ е Ивана Стојановска.

притисни ентер