Француската полиција принудува 153 ученици да клечат на колена (ВИДЕО)

Франција стравува од нови насилства , што би можеле да се случат утре ширум земјата.

Прво на социјалните мрежи , а потоа и во сите свветски емдиуми е објавено видео во кое се гледа како полицијата принудила 153 ученици да клечат на колена , меѓу кои најмладиот има 12 години.

Вознемирувачкото видео на деца како клечат на колена со рацете на глава во гимназијата Сент Егзипери во градот мант-ле Жолиу , на 48 километри западно од Париз , ги дигна на нозе Французите. Дел од децата седат на колена дури и со главите притиснати до ѕидот , а на снимката се слушаат наредбите на полициските специјалци кои им се развикуваат на преплашените деца.

Наводно , сите тие учествувале во протестите , кои се одржуваат низ целата земја , а се против реформните во образованието и се приклучени кон протестите на ,,Жолтите елеци”.

Мадона продолжува со чудни објави: Губи фанови побргу од тонењето на Титаник

Кралицата на попот и понатаму ги загрижува обожавателите со своите објави на социјалните мрежи.

Така таа неодамна објави видео во кое носи црна маска од тантела додека пркосно држи црно стапче во устата и, изгледа, се снима себеси.

Следбениците тешко се справуваат со прилично необичните објави на Мадона и масовно негодуваат на однесувањето на нивниот „некогаш омилен уметник“.

- Некој да ѝ ја смени терапијата на Мадона. Ги плаши децата и ги губи обожавателите побрзо отколку што потона Титаник, напишал еден корисник на Инстаграм.

– Претпоставувам дека некои луѓе уживаат да ја гледаат оваа бизарно облечена баба, додаде друга.

- Што се случи со Мадона? Полуде. Таа беше мојот омилен уметник додека растев. е**но го изгуби умот, пишува во друг коментар.

Од друга страна, некои излегоа во нејзина одбрана, посочувајќи дека пејачката е провокативна од почетокот на кариерата.

- Сите имаат што да кажат за нејзиниот изглед. Нејзините постапки ви прават непријатност, а уметноста токму тоа треба да го прави - да провоцира. Запрашајте се зошто се грижите толку многу. Запрашајте се зошто тоа ви пречи. Дали мислите дека таа се грижи што мислите вие? Знаете ли што мисли таа за вас? Ништо, заклучила еден обожувателка.

Бајден наредната седмица ќе ја објави поддршката за прием на Африканската унија во Г20

Американскиот претседател, Џо Бајден, наредната седмица ќе ја соопшти поддршката на СAД за прием на Африканската унија во Групата Г20 на најголемите светски економии како постојани членки, изјави денеска претставник на Белата куќа.

Бајден ќе го соопшти тоа за време на Самитот на американско-африканските лидери во Вашингтон, изјави советникот на Белата куќа, Џад Девермонт.

„Потребни ни се повеќе африкански гласови во меѓународните разговори за глобалната економија, демократијата и управувањето, климатските промени, здравјето и безбедноста“, посочи тој.

Претседателот на Африканската унија и претседател на Сенегал, Меки Сал, и претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, го повикаа Бајден да ја зголеми нивната застапеност во Г20, изјави Девермонт за весникoт „Вашингтон пост“.

Јужна Африка е единствената земја членка на Г20 од Африка.

притисни ентер