СДСМ:Исти лаги за наводна инфлација ВМРО-ДПМНЕ пласираше и пред неколку месеци па инфлацијата се намали

Лажни се информациите на ВМРО-ДПМНЕ за наводна инфлација заради поскапување на само еден тип на леб. ВМРО-ДПМНЕ шири неоснована паника, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така ВМРО-ДПМНЕ и пред неколку месеци ширеше лаги за раст инфлација, што на крајот се потврди како уште една од промашена лага-официјално инфлацијата е пониска за 1.5 од очекуваното.

Токму ВМРО-ДПМНЕ преку нивните криминалните и расипнички политики со години ја осиромашуваа и задолжуваа државата заради лично богатење на поединци, а стотици илјади граѓани живееја во долгови и под прагот на сиромаштија.

Таквиот однос кон граѓаните заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Владата предводена од СДСМ преку успешни економски политики ја стабилизира и придвижува економијата. Растат платите, пензиите, се отвораат нови работни места, се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Растот на Бруто домашниот производ во третиот квартал на 2018 година е последниот доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

Според јавно објавените податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено само четири производители на леб, а досега ниту еден голем производител на леб ја нема зголемено цената.

Граѓаните да бидат спокојни. Институциите ја следат ситуацијата и доколку се појави потреба навремено ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот.

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер