Поради протестите , во сабота ќе биде затворена Ајфеловата кула и Лувр

Францускаат валда признава дека се плаши од нови насилства за време ан викендот , поради што ќе бидат затворени десетици музеи, туристички атракции како Ајфеловата кула и Лувр.

,,Не можеме да ризикуваме , кога знаеме колкава е заканата.” , изјави министерот за култура, Франк Ристер , кој најави дека е можно левите и десните екстремисти да им го преземат протестот на ,,Жолтите елеци” .

Рече дека Лувр, Орсеј, две познати опери и Гранд Пале ќе бидат меѓу затворените објекти. Во сабота ќе биде затворена и Ајфеловата кула , како и гоелм број продавници во центарот на градот и други омилени места за туристите.

Демонстрантите веќе се организираат на социјалните мрежи за т.н. ,,Четврт чин” , односно четврт викенд на протести .

Премиерот Едуар Филип изјави дека протестите ќе ги осигураат 89 000 полицајци , од кои 8 000 во Париз , за да не се повтори насилството од минатиот викенд.

Мицкоски: Најголем проблем во Центар е загадениот воздух, власта целосно ја заглави гасификација и нема поевтино парно

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар,  каде оствари средба со граѓани, членови и симпатизери на партијата, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски потенцираше дека  Општина Центар и граѓаните заслужува подобро и повеќе.

Анкетите по изборите покажуваат дека огромното мнозинство се незадоволни поради слабиот животен стандард, недостигот на нови вработувања, слабата економија. Незадоволни се и поради слабата заштита на животната средина, уништеното Водно, гасификацијата која е заглавена од власта, која тапка во место цели 2 години, вели тој.

Нездоволство посочи Мицкоски има и поради порастот на корупцијата, непотизмот и корумпираното судство.

Најнезадоволни се центарци поради тоа што оваа општина е со најзагаден воздух во државата, а пред изборите власта ветуваше алпски чист воздух, наместо тоа добија општина која руши неславни рекорди на скалите за места кои се најзагадени во Светот, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна власта води политика на кратко памтење,  а  центарци како и сите граѓани на Република Македонија се излажани од страна на власта, посочувајќи го ветувањето за поевтинување на сметките за парното, ветување кое се покажа како уште лага на власта.

За крај Мицкоски вели дека власта е прочитана, а народот е свесен со какви измамници си има работа.

Ние ќе предложиме намалување на ддв-то од 18 на 5 проценти, но и во периодот што следува ќе предложиме нови проекти и решенија за многу области кои ќе бидат одговор на ова уништување кое го прави оваа власт, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Путин со Меркел и Макрон за Украина и Иран

Вечерва рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со канцеларката Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие разговарале за кризата во Украина по изборот на Зеленски за претседател , соопшти руската агенција ТАСС. ,, Разговараа за состојбата во Украина , со оглед на пропаднатата политика на администрацијата на Петро Порошенко и смената на државното раководство во Украина.” , се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин за време на разговорот, уште еднаш повторил дека е приротет да се спроведе законот за посебниот статус за одредени подрачја во Доњецк и Луганск.

Кремљ соопшти и дека тројцата лидери разговарале и за Иран и се согласиле дека треба да останат посветени на трговско – економската соработка со таа земја.

Се согласиле и дека треба да го зачуваат нуклеарниот договор , оценувајќи дека тоа е главен фактор за зачувување на меѓународната стабилност и безбедноста.

Заев на одбележување Светски ден на културна различност

Премиерот Зоран Заев вечерва присуствуваше на настан организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, по повод одбележување  Светски ден на културната разноличност за дијалог и развој, којшто е прогласен на 21 мај.

Како што соопштуваат од владината прес-служба настанот го отвори директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, кој им посака добредојде на присутните, и нагласи дека оваа манифестација ги заокружува активностите реализирани во рамки на „Неделата на заедничка молитва", реализирана од 13 – 21 мај со цел да се поттикне соработката и дијалогот меѓу верските заедници, за стабилен и одржлив процес на градење доверба, пријателство и општество на вистински човекови вредности, на соживот и напредок.

Премиерот Зоран Заев испрати порака дека културната разноличност е од корист за целото човештво.

– Светскиот ден на културната разноличност за дијалог и развој – не потсетува дека не треба да зборуваме за културни разлики што не делат едни со други, туку дека треба да зборуваме за културна разноличност која ни дарува сила од глобални размери, која може да биде од корист на целото човештво, истакна премиерот и додаде дека ова е ден за порака дека интеркултурниот дијалог е најдобрата гаранција за мирен, праведен и одржлив свет на културна разноличност.

Според него културната разноличност е инспирација и мотивација за креативноста како инвестиција за промени за подобри општествата,  општества со хуман, човечки лик.

-Инвестицијата и должноста на нашето општество е да ги развиваме образованието и меѓукултурните вештини кај младите луѓе за да ја одржиме разноличноста на нашата земја и да научиме да живееме заедно со разноличноста на нашите јазици, култури и религии, за да ја градиме нашата инвестиција создадена токму од разноличноста на културите и традициите на народите на нашата земја – инвестицијата Едно општество за сите, рече Заев.

Тој истакна дека Светскиот ден за културна разновидност за дијалог и развој ни дава можност да го продлабочиме нашето разбирање на вредностите на културната разноличност и да научиме да живееме заедно како едно семејство што дели заеднички вредности.

-Треба безрезервно да прифатиме дека секој од нас има шанса да направи нешто за разноличноста и инклузивноста да станат алатки за дијалог и разбирање, за мирот и безбедноста, како неопходни за одржливиот развој на нашата заедница, рече премиерот.

Истакна дека прашање на нашата иднина е да ја интегрираме културата на сите наши заедници во сите наши развојни принципи. -Особено, потенцира, оние поврзани со младинските прашања, како што се образованието, јавното здравје и животната средина, како наш придонес за развојот на хармонично општество со сите разлики, рече премиерот.

На одбележувањето присуствуваа претставници на државни институции и граѓанскиот сектор, како и сите претставници на верските заедници во РСМ.

притисни ентер