Плевнелиев: Успехот е колективен напор

Успехот е колективен напор и дека сака луѓе кои сакат да останат на Балканот, порача поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев, на предавањето за глобализацијата, миграцијата и дигитализацијата.

,,Добро образование можете да најдете во светот, но и АУБГ е отворен да биде Америка на Балканот. Постојано на патувањата низ светот се сретнуваме со лица кои завршиле на Американскиот Универзитет во Бугарија , изјави Плевнелиев.

Во однос на идните кариери посочи дека главната цел е како да видите што се случува во светот и да направите план да се вклопите во таа иднина.

Сподејуваќи приказна за неговата средба со Гугл, Плевнелиев кажа дека компјутерите се работниот простор на денешницата, но дека по 10 години очекува човечките мозоци да бидат нашиот работен простор, бидејќи тоа што сега е ИТ сектор пред 10 години беа банките и нафтената индустрија.

– Како вие ќе успеете да се вклопите во иднината со вашите вештини. Ако сте паметни, ќе учете од минатото за полесно да се вклопите во иднината. Дали ние на Балканот ќе успееме да се вклопиме и да го пратиме светот. Иднината е во податоците. На Балканот ќе мораме да бидеме отворениза новите случувања и со вистниско образование, изјави Плевнелиев. /МИА

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани-Делчево-Берово

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Нормализиран сообраќајот за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово.

Поради интензивни врнежи од снег на овој патен правец  Македонија пат претходно воведе задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата. 

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии,

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро, залудни се неговите обиди.

Анти НАТО Мицкоски кој нема став за клучните прашања за државата, кој го брани криминалот на Груевски е срам за Македонија.

Овој народ, граѓаните на Македонија, немаат кратко помнење, не можат да ги заборават црните 11 години кои тој, неговиот ментор Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и ги нанесоа на земјава. 

Додека граѓаните осиромашуваа заради криминалот на ВМРО-ДПМНЕ анти ЕУ Мицкоски од Груевски добил бизнис со хидроцентрали и земјиште, токму во време кога бил негов советник.

Додека Македонија економски тонеше, далеку од ЕУ и НАТО, Мицкоски бил прв човек на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ и директен соучесник на сите црнила.

Додека Мицкоски гордо се шета низ палатата на ВМРО-ДПМНЕ симболот на криминалот и црните пари  нема никаков кредибилитет и не е достоен за Гемиџиите ниту за Рацин.

Додека Македонија решава проблеми што неговата ВМРО-ДПМНЕ ги остави и забрзано чекори напред, црнило е да немаш став за најважните прашања, членството во НАТО и ЕУ.

Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро.

Залудни се обидите на конфузниот Мицкоски. Секој ден Македонија и граѓаните се подалеку од темното минато на ВМРО-ДПМНЕ и се поблиску до членство во ЕУ и НАТО, до светла и сигурна иднина.

Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

Царовска: Да се трудиме да бидеме подобри родители

Секое искуство на детето влијае на начинот на кое тоа размислува, се чуствува, однесува и учи понатаму во животот.

 Она што го зборуваме дома, начинот на кој ги воспитуваме нашите деца се одразува на нивното однесување надвор од домот и директно влијае на создавањето на позитивно општество. Секој од нас треба да е свесен дека иако љубовта ни доаѓа придодно, родителството навистина се учи. Да се трудиме да бидеме подобри родители, за нашите деца и за посветла иднина. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на петтиот настан „Разговори за родителството".

Како што информира Министерството за труд и социјална политика, целта е да се разбуди свеста за развивање и надградување на родителските вештини и се дел од кампањата „И родителството се учи" на УНИЦЕФ, ЕУ и Министерството за труд и социјална политика.

Во над 15 градинки низ Македонија, како што се наведува, се воспоставуваат советувалишта за родители чија цел е да работат токму на развој на успешното родителство.

МТСП соопшти дека работи на зголемување на бројот на овие советувалишта, но и на зголемување на капацитетите на градинките и на јакнење на компетенциите на кадарот со што го зголемува опфатот на деца во предучилишно образование.

– Кампањата почна со разговори низ целата земја за научните факти во врска со развојот на човечкиот мозок, емотивното приврзување, развојот на карактерот, различните родителски стилови и влијанието на негативните искуства од детството и стресот врз развојот на децата.  Кампањата ја нагласи потребата од програми и советувалишта за поддршка на родителите. Кога општеството им помага на родителите да подигаат деца кои имаат здрава приврзаност, кои се стумулирани, кои веруваат во себе, упорни се, имаат емпатија, знаат како да се справат со разочарување и можат да учат и да откриваат нови работи – тогаш создаваме животен циклус на лично човечко поврзување и развој и посилно, просперитетно и безбедно општество, изјави претставник на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.

„Разговори за родителство" досега се одржаа во Куманово, Гостивар, Струмица и Битола. Присутните имаа можност да научат повеќе за развојот на детскиот мозок, емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој.

притисни ентер