Мицкоски на средба со членовите на ВМРО- ДПМНЕ и симпатизерите во Карпош

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва беше во посета на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Според партиското соопштение, тој го коментираше последниот скандал со прислушувањето на обвинителството и судството кое се случувало во време на министерувањето на Спасовски и целиот период од владеењето на премиерот Заев. Мицкоски на своите сопартијци им посочи дека никој во историјата на Македонија не извршил таков упад во правосудниот систем како што тоа сега го прави Заев, и сега она што се случува не е само уценето обвинителство и судство туку и нарачани и притиснати сведоци кои ќе сведочат по нарачка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ говореше и за најновите обиди на власта преку „Кацарска судството“, „Рускоска обвинителството“ како и нарачани сведочења да го инкриминираат ВМРО-ДПМНЕ.

Ние сме сведоци на нов модел на „Кацарска судство“ кое што го брендиравме и „Рускоска обвинителството“, но денеска еве сведоци сме дека покрај „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ имаме и нарачани сведочења од страна на луѓе кои што сведочат за потребите на Зоран Заев и на групата околу него, потенцираше тој.

Мицкоски истакна дека ова има за функција две цели, првата основна цел на СДСМ е да ја забрани ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и да го забрани нејзиното битисување, преку монтирани политички случаи.

За првата цел алармиравме пред извесен период, пред неколку месеци кога кажавме дека практично основна задача и основен проект на СДСМ во оваа нивна влада практично претставува, како да се уништи ВМРО-ДПМНЕ и како ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да се претстави како злосторничко здружување и на правен начин да се укине нејзиното битисување, бидејќи се плашат. Знаат дека додека постои ВМРО-ДПМНЕ ќе постои опасноста за Зоран Заев и групата околу него да биде казнета за сите овие гревови кои што ги направија и на својата нација и на државата, но и за сите оние криминали кои што ги направија изминатите година и половина, истакна Мицкоски.

 Втората цел е да се дефокусира јавноста од сите скандали и нереализирани ветувања.

Прават спектакли за да не се збори за чистиот воздух кој го ветуваа, се сеќавате, на водно качени велеа кога ќе паднел режимот ќе се исчистел воздухот, ветуваа и младинска гаранција која никаде ја нема, ги нема инвестициите на „Фејсбук“ и „Гугл“ во Македонија, ветуваа и реформирано судство, а добивме корупција која во државата цути и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“ кои работат единствено за потребите на Зоран Заев, се наведува во соопштението од ВМРО - ДПМНЕ. .

Гори хемиска фабрика во Шпанија (ВИДЕО)

Во шпанскиот град Сан Роке се запали хемиска фабрика и црн чад го обви градот.

Попладнево избувна силен пожар во Сан Роке во  хемиската фабрика, од каде целиот град беше обвиен со чад. За среќа , во инцидентот нема жртви , а едно лице добило медицинска помош поради задушување со чад.

На жителите на околните населби им е кажано да ги затворат вратите и прозорците и да не излегуваат надвор , до расчистување на воздухот.

Доцна попладнево , пожарот е ставен под контрола.   

Заев: Над 200 функционери ќе бидат сменети, процесот ќе заврши на почетокот на јули

Над 200 лица ќе опфати најавената „метла" на премиерот Зоран Заев.

Покрај министрите, за кои веќе утре Собранието треба да ги разреши и да гласа за новите предлози на премиерот, ќе опфати заменици министри, директори на централно ниво, членови на управни одбори, надзорни одбори, директори на локално ниво…

Ова го најави премиерот Зоран Заев, кој оценува дека доволни се промените во министерските места во Владата и дека се продолжува со промените по вертикала, а очекува целиот процес да заврши на почетокот на јули.

– Голем дел од незадоволствоот беше концентрирано кон високи функционери кои ги нарекуваа и локални шерифи. Дел се политички функционери од СДСМ, каде се завршија големи промени, почнувајќи од најниско ниво, односно  претседатели на општинските организации, извршниот одбор, централниот извршен одбор, дел од потпретседателите се нови каде сме во финална фаза, директорските места се тие каде што допираат граѓаните и секако од министерските места и дел од заменичките министерски места, што ќе се случат во периодот што претстои. Јасно ја доловив пораката од граѓаните каде тоа лежи незадоволството и секако дадов шанса на одредени министри кои имаат поголем капацитет и можат да го покажат. Верувам дека успешно го завршуваме тој процес. На самиот крај ќе ги очекуваме и  следните решенија што ќе се случат на директорски места на централно ниво, во делот на управни одбор, надзорни одбори, на подрачните единици, директорски места на локално ниво. Комплетно ќе се работи за севкупна политичка и општествена промена на повеќе од 200 луѓе, рече премиерот.

Иванка Василевска и Мирче Адамчевски во „Само вистина“

Вечерва гости во „Само вистина“ беа Иванка Василевска и Мирче Адамчевски.

Во врска со владината „чистка“, нема втора шанса за прв впечаток, а првиот впечаток кој владата на Заев го покажа овие две години е апсолутно негативен, смета Василевска.
Реконструкцијата не најави ништо значајно и спектакуларно, еве не знам ни дали е добра смената на министерот за финансии Тевдовски бидејќи никој не ја знае причината за тоа, вели Адамчевски.

Договорот со Бугарија беше 90% спакуван од ВМРО-ДПМНЕ но се судривме со националните интереси и не се дозволија никакви отстапки, а за договорот со Грција пречеше содржината на текстот, објаснува Василевска.
Празни се зборовите дека Бугарија може да ни стави вето за во ЕУ, ќе си ја свиткаат опашката и ќе направат така како што ќе им каже САД, дециден е Адамчевски.

Во ситуацијата во која што е не би излегла сега власта да преземе ризик и да излезе на предвремени парламентарни избори на кои сигурно би била поразена, вели Василевска.
Чисти шпекулации беа најавите дека реконструкцијата е некаков предвесник за предвремени избори, ќе се оди директно на редовни, заклучува Адамчевски.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер