Судењето за 27 април продолжува на 10 декември, ќе сведочи Трајко Вељановски

Судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година продолжува в понеделник, на 10 декември, со сослушување сведоци предложени од одбраната .

Судечкиот совет на денешното рочиште ги извести дека прифаќа да бидат изведени и листите на докази предложени на 22 август 2018 година.В понеделник одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски. Судијката Добрила Кацарска ги задолжи обвинетите сами да ги известат предложените сведоци.

Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предлага пратеникот Зијадин Села.

На денешното рочиште своја одбрана даваше обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, а на негов предлог беа сослушани и сведоците Дејан Димкоски – Боксер, Веле Петрушевски и Благоја Василевски. Во судот сослушан беше и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски. 

Трамп ќе употреби вето ако Конгресот гласа против ѕидот

Претседателот на САД Доналд Трамп подготвен е за прв пат да употреби вето.

Ако Конгресот биде против неговата објава на вонредна состојба долж границата со Мексико, Трамп ќе употреби вето. Тоа за ТВ Фокс го изјавил Стивен Милер, висок советник на Трамп.

- Тој ќе ја заштити својата објава за вонредна состојба, рекол Милер на прашањето дали Трамп ќе употреби вето ако Конгресот не ја поддржи неговата одлука, пренесе АП.

Трамп вонредната состојба на границата со Мексико ја објави во петокот со желба да го избегне Конгресот за финансирањето на ѕидот кон Мексико, на што се спротивставуваат демократите и одбиваат во буџетот да бидат вклучени 5,7 милијарди долари колку што се потребни за неговото градење.

На границата меѓу Колумбија и Венецуела стигна американска хуманитарна помош!!

Американската војска донесе повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата во Венецуела.

Оваа хуманитарна помош би требало да ја дистрибуираат  поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кога САД го призна за претседател на Венецуела.

-Ова не е првата , ниту пак последната помош, изјавил официјалниот претставник на УСАИД Марк Грин во Кукута при предавањето на помошта во овој пограничен град полн  со мигранти од Венецуела.

Претходната помош била испорачана преку комерцијални летови.

Инаку во оваа испорака имало 180 тони храна и средства за хигиена и друга роба намената за повеќе од 25 000 луѓе.

Путин и Макрон разговарале за Сирија

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануаел Макрон  разговарале преку телефон за состојбите во Сирија и Украина, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател го информирал претседателот на Франција Макрон за договорите на самитот во Сочи на кој присуствувале државите кои го гарантираат процесот во Астана за решение на состојбата во Сирија.

Двајцата претседатели ја нагласиле потребата за промовирање на сирискиот внатрешен политички дијалог како и одржувањето на руско – францускиот контакт за Сирија, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесе ПАСС.

За Украина, „Путин  го предупредил Макрон на антируската реторика“ на Киев во контекс на претседателските избори во март.

притисни ентер