Атанасовски не може да се сети каде бил на 27ми април

Упадот во Собранието беше командуван директно од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова го тврди Александар Василевски-Нинџа во неговото сведочење за случувањата на 27ми април. Според него,  дека  протестите за „Заедничка Македонија“ имале само фиктивни водачи контролирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Попладнево сведочеше и поранешниот прв човек на тајната полиција Владимир Атанасовски.

Колегата Михајло Видимлиски е во Кривичниот суд.

МНР: Идентификувани се двајца, од тројцата македонски државјани кои загинаа кај Лесковац

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека досега се идентификувани две од трите лица, маж и две жени, кои загинаа ноќеска во кога автобус на Еуро Бус се излизга од патот во близина на Лесковац, Србија.

Станува збор за В.Ш., маж на 68-годишна возраст од с. Бучин, Крушево и К.К., жена исто така на 68-годишна возраст од Кочани. На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи.

Кај третата жртва не се пронајдени документи и засега, како што посочуваат од МНР, нема потврда за нејзниот идентитет.

Освен тројцата загинати во несреќата се повредени 32 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се во животна опасност. Овие лица се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно повредените 28 лица се згрижени во општата болница во Лесковац.

Од МНР информираат дека сместување ќе им биде обезбездени на сите повредени кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

Кон Лесковац во посета на болните и на местото на несреќата се упатија министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник на македонската амбасада во Белград.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

Мицкоски: Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Народот ќе ви врати на следните избори, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестениот марш во Велес.

-Да им порачаме - Македонија е вечна, а власта не е. Повеќе од 19 месеци се централна влада во Македонија и повеќе од една година се локално раководство во најголемиот дел од градовите во Македонија. Но, за ова време има само црнила и темнина. Не ги исполнија ветувањата и не ги реализираа очекувањата, рече Мицкоски .

„Велеа живот ќе донесат, темнина и црнила донесоа и затоа овде од Велес ќе им порачам- колку побрзо заминете, толку побрзо ќе и` се раздени на Македонија, а тоа ќе го видите веќе на следните претседателски избори. Овој народ ќе ви врати на следните претседателски избори“.

Кој ќе биде амнестиран за 27 април - пратениците сеуште без финален договор

Законот за амнестија и покрај претходните најави утре нема да се најде пред пратениците.

 Текстот е подготвен но треба да го разгледаат и одобрат партиските органи и правните експерти. Од собраниската подгрупа за помирување засега нема информација кога ќе биде обелоденет целиот текст на законот.

Но од она што е познато е дека од кривичен прогон ќе бидат ослободени инволвираните во настаните од 27 април лани, но не и оние кои веќе се осудени, оние кои извршиле насилство помеѓу кои и лицата кои со фантомки влегоа во собранието, оние кои го спровеле и организирале крвавиот четврток, како и оние кои имале командна одговорност.

Целта како што велат од телото за помирување е законот да постави рамки во кои ќе се опишат дејствијата кои не можат да бидат амнестирани, а Кривичниот суд и Обвинителството да го имаат последниот збор врз основа на доказите да ценат дали законот важи за лице кое ќе се повика на амнестија.

И додека дел од експертите се на став дека со Законот за амнестија се врши упад во судската постапка која се води, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар вели дека коментар за амнестијата ќе даде откако законското решение ќе стане официјално.

Обвинителката Вилма Рускоска по последното судско рочиште за најголемиот предмет за собраниските насилства рече дека не размислува за преквалификација на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, кои им се става на товар на 31 од обвинетите.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ го чека текстот на законот, но засега нивниот став останува непроменет дека селективната правда не е правда.

притисни ентер