СДСМ: Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош и осиромашени граѓани, сега глуми лажна загриженост

Животот на стотици илјади граѓани беше ставен на работ на егзистенција токму преку  криминалните политики на антинародната ВМРО ДПМНЕ која врз основа на лично богатење  на поединци ја осиромаши и задолжи државата, реагираат од СДСМ. 

За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки ја стабилизираше и придвижи економијата, се обезбедуваат повисоки плати за сите работници, се зголемуваат инвестициите, а повеќе пари остануваат кај граѓаните.

Растот на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третиот квартал од 2018 година е последниот показател за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Додека еконономијата расте и се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку груби манипулации продолжува да глуми загриженост за граѓаните.

Според јавно објавените податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено само четири производители на леб, а досега ниту еден голем производител на леб ја нема зголемено цената на лебот.  

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард на граѓаните,институциите, Министерството за земјоделство веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот доколку биде потребно, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Наум Стоилковски..

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер