Премиерот Заев испрати телеграма со сочувство за смртта на Љубиша Георгиевски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство до семејството на поранешниот претседател на Собранието, режисер и амбасадор, Љубиша Георгиевски.

Содржината од телеграмата ви ја пренесуваме во целост:

Почитувано семејство Георгиевски, 

Дозволете ми да изразам сочувство на вашето семејство за загубата на поранешниот претседател на Собранието на Република Македонија, еден од најистакнатите македонски театарски и филмски режисери, истакнат дипломат и професор, Љубиша Георгиевски.

Неговата страствена посветеност на целокупниот општествен развој на Република Македонија ја издигна неговата специфичност до неповторлива препознатливост на театарската сцена, а посветеноста на политичките текови до претседател на Собранието на Република Македонија и амбасадор на Република Македонија. 

Практикувањето на неговите сестрани таленти, кои несомнено го врежаа до нивото на незаборавност во поновата историја на Република Македонија, се неговата бесмртност во севкупната културна и политичка меморија во Република Македонија.

Дозволете ми уште еднаш да го изразам моето сочувство на вашето семејство, преку овие зборови кои се надевам дека ќе ви претставуваат утеха во деновите на жал.

Новите услови од „Купи куќа, купи стан" ќе ја стимулира продажбата на станови

Градежната комора на Македонија го поддржува проектoт „Купи куќа, купи стан" од почетокот на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе влијае на стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе. 

Дополнително се поддржува пораст на градежниот сектор во делот на високоградба преку градење на нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а со тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти претседателотот на Градежната комора на Македонија Ивица Јаќимовски. Посочи дека од овој проект корист ќе имаат и компаниите преку зголемената продажба на изградени висококвалитетни и енергетски ефикасни станови, младите луѓе кои, како што рече, со многу поволни услови ќе можат да дојдат до нов стан, како и локалната и централната власт.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези информира дека пристапиле кон подобрување на моделите за „Купи куќа, купи стан".

– Анализите покажаа дека поради поедноставената постапка, младите повеќе се заинтересирани за купување стан, особено оние што немаат почетен капитал или земјиште. Со цел да им ја обезбедиме потребната поддршка, креиравме нов модел „Купи стан за млади". Согласно со новите подобрени услови, младите до 35 години од државата ќе добијат до 70 отсто субвенции, значи се зголемува учеството на субвенцијата, на ратата и субвенцијата на учеството, рече Елези во Сојузот на стопански комори на Македонија.

Наведувајќи пример таа рече дека ако кредитот е во износ од 50 илјади евра, граѓаните од субвенцијата на ратата ќе добијат околу 11.900 евра, а ако пак е субвенција на учеството ќе добијат 8.750 евра. Елези потенцира дека каматните стапки за субвенциониран станбен кредит се едни од најниските што се нудат моментно.

Елези посочи дека граѓаните дополнително можат да аплицираат и за субвенциониран станбен кредит со намалени каматни стапки. Каматната стапка за моделот „субвенција на рата" за првите три години е намалена од првичните 3,9 на 2,9 отсто, а за третата и за четвртата година 3,9 проценти. Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество". Таа изнесува четири отсто за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за шестмесечен еуролибор.

– Дополнително, корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете во текот на рокот на отплата ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти, рече Елези.

Таа информира дека граѓаните што имаат над 35 години, сакаат да изградат или да купат куќа, ќе добијат субвенции од 80 отсто од месечната рата во првите пет години или 80 проценти од учеството.

Заменик-министерката Елези рече дека добиле уверување од Градежната комора дека има станови и се градат, со цена до 900 евра за метар квадратен со вклучен ДДВ.

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан", кој е поставен на веб-страницата на Министерството. За неполни три месеци откако стапиле на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем./МИА

ВМРО- ДПМНЕ: Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција

Денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на првиот соработник на Зоран Заев, тоа е Катица Јанева, рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ , Димче Арсовски .

Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и ја поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител.

Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист.

Според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција кој што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот „Рекет“.

Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање.

Се додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, на главата на Октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија.

Уште од првиот почеток предупредувавме доколку Зоран Заев процени дека тој е самиот загрозен ќе се откаже од сите свои луѓе само за да се спаси себе си и својата кожа.

Апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан.

Американското министерство ја одобри продажбата на воени авиони на Тајван

Американскиот Стејт департмент ја одобри потенцијалната, вредна 8 милијарди долари, продажба на борбени авиони Ф-16 на Тајван, се вели во соопштението на американската агенција за сигурна соработка во известувањето за конгресот.

Се смета дека продажбата би опфатила 66 авиони, 75 мотори Џенерал електрик, како и други системи.

Агенцијата додаде дека продажбата им служи на американските национални, економски и безбедносни интереси и дека ќе му помогне на Тајван да изгради свои одбранбени капацитети.

Кина ја осуди продажбата, која, доколку се реализира, ќе биде една од најголемата продажба на американски авиони на Тајван.

Пекинг предупреди дека ќе примени „контрамерки“ без да открие за што станува збор.

притисни ентер