Во болница во Сан Франциско бил донесен 36 годишен маж со симптоми на срцев напад, кој се влошувал. Бил примен на интензивна нега , а поради тоа што имал вграден пејсмејкер , му бил определен посебен третман со вклучен уред за помош во случај да му запре срцето. Исто така му дале и лекарства против згрутчување на крвта , кои се вообичаени за ваков третман.
Ноќта , наеднаш мажот имал силен напад на кашлање , толку силно што го искашлал десното бронхијално стебло . Целото десно бронхијално крило се нашло пред вчудоневидените доктори.
Веднаш потоа мажот бил приклучен на вештачко дишење , но бидејќи состојбата му се смирила , бил исклучен од машината и почнал самостојно да дише. Но , само по една недела од искажлувањето на белодробното крило , мажот ненадејно починал , како последица на компликации поврзани со срцевиот напад.