Сопругата на Џорџ Клуни ,,го растури” Трамп во говорот во ОН (ФОТО+ВИДЕО)

Сопругата на холивудската ѕвезда Џорџ Клуни , Амал одржа говор за паметење вчеравечер на свеченоста по повод доделувањето на традиционалните награди UN Correspondents Awards,.

Амал  и Џорџ уште на влезот на гала вечерата го привлекоа вниманието на сите присутни со совојата елеганција и гламур. Ни , тоа не беше се. Убавата адвокатка Амал одржа говор во кој го обвини претседателот Трамп за поддршка на автократските режими .

Таа во говорот напомена и дека нема слобода на говорот под притисок на режимот во Северна Кореја, Филипини, Унгарија, Турција и Бразил.

,,Американскито претседател им даде зелено светло на таквите режими , а новинарите во оваа земја ги нарече народни непријатели. А само пред два месеца новинар на Вашингтон пост влезе во конзулатот во Истанбул , каде брутално го мачеа до смрт.” , рече Амал во говорот.

Амал во говорот ги спомна и двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа седум години во затвор во Мјанмар , каде известуваа за геноцидот на народот Рохинџа.

Фото: Двометарска медуза

Медузите од овој вид обично растат околу 90 цм, затоа оваа медуза претставува вистинско чудо.

Биологот Лизи Дали и фотографот Дан Абот, велат дека никогаш во животот не виделе толкава медуза. „Видовме неколку мали медузи а потоа наидовме на една огромна, моментот беше неверојатен“ рече Лизи.

„FaceApp“ ќе биде под истрага

Американскиот сенатор Чак Шамер побара од Федералното биро за истраги (FBI) да спроведе истрага за апликацијата „FaceApp“ .

До ова дошло откако се појавиле гласини дека Русија ги искористува податоците од оваа апликација. Дали апликацијата која сите ја користат во последниве денови, можеби крие мрачна страна?

На тоа сеуште немаме одговор.

Сијамски близнаци раздвоени во Лондон

Сијамски близнаци кои биле споени со главите, успешно се раздвоени во Лондон после неколку операции кои вкупно траеле 55 часа.

Двегодишните сестри од Пакистан Сафа и Марва Улах, три пати биле оперирани во Болницата „Грејт Ормонд Стрит“ а во хируршките зафати кои биле направени во рок од 4 месеци, учествувале вкупно 100 членови од медицинскиот тим на болницата.

Хирурзите успеале да ги раздвојат нивните мозоци кои биле меѓусебно испреплетени во нивниот заеднички череп а потоа успеале да реконструираат два посебни черепа, користејќи ги фрагментите од заедничкиот.

притисни ентер