Богоев: Ќе се чистат уште две депонии и најстрого ќе се казнуваат загадувачите

 Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев денеска информира дека ја расчистуваат дивата депонија долж реката Вардар, кај мостот „Газела".

– Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија. Во претстојниот период планираме кај хотелот „Александар Палас" и кај Спортскиот центар „Борис Трајковски", исто така да ги расчистиме депониите,  и тоа, не само за да имаме чиста околина и земјена и тревна  површина, туку со тоа да превенираме палења на овие критични места каде во минатото интензивно се палеше, рече Богоев.

Додаде дека крајната цел е онаму каде имало депонии да се исчисти, просторот да се оплемени со ново зеленило, да се постави нова урбана опрема за да можат на пролет граѓаните да ги користат.

Богоев потенцира дека најстрого ќе бидат казнети сите несовесни граѓани кои ќе се обидат да фрлаат шут, градежни материјали, ѓубре од домаќинство или да палат отпад на отворено. За ова, како што рече, ние, заедно со Град Скопје и со Државниот инспекторат за животна средина и сите надлежни институции ќе бидеме без никаква толеранција за нарушувањето на законот и со тоа загадувањето на воздухот и на околината. 

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер