Стоилковски: Лебот поскапе заради неодговорноста на власта

Лебот поскапе, а власта се прави слепа и дека не го гледа тоа. Основниот прехранбен продукт поскапува за 20 проценти заради неодговорноста и незаинтересираноста на оваа црна власт. 

Тоа што власта за една намена е неспособна да се справи со реалните проблеми, тоа што оваа црна власт не знае што да преземе во економијата, во земјоделството, со инвестициите, го плаќа народот!

На оваа криминогена власт и се одмотува спиралата на поскапувања. Цените на лебот во секоја држава се најстабилни и ја отсликуваат состојбата на земјоделството и економијата воопшто.

Лебот поскапува заради лошите мерки, недостаток на квалификувана работна сила, зголемување на цената на пченицата во последните месеци за 40%, поскапување на енергенсите. „Зелената нафта" која што ја ветија ја нема, а цената на горивото за механизацијата од 37 денари поскапе на 69 денари за литар. Цената на пченицата се формира врз основа на цените пред жетвата, а годинава пред жетвата на пазарот беа пуштени огромни количества пченица по цена од 7 до 8 денари, како и увезено брашно од Србија и од Косово и цената за македонските производители остана депласирана.

Црно правило е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на сета храна. Министерството не треба да реагира отпосле, туку да превенира. Доколку знае како.

ВМРО- ДПМНЕ во јули укажуваше на опасност од колапс и поскапување заради неодговорноста на власта. Апелиравме на покачување на откупната цена на пченицата со што парите ќе останеа кај домашните производители и преработувачите, а тоа ќе создадеше и стабилност на пазарот со откупувања на сите произведени количини. Наместо тоа македонската пченица завршуваше на странски пазари. Укажавме дека заради неатрактивност и неисплатливост на производство на пченица значително ќе се намалат површините под сеидба на лебно зрно, што и се случува.

Министерството за земјоделство потфрли во сите ресорни гранки. Ниедно од ветувањата до земјоделците не исполнија. Ветуваа загарантиран откуп, а луѓето во Ресенско ги фрлаа јаболките на буниште. Луѓето во Струмичко ги фрлаа нивните родови на буниште, зелките, сливите во Пијанечко и Малешевијата завршија исто така на буниште. Оризопроизводителите исто така во Кочанско. Праските во Росоман останаа необрани, маката на земјоделецот остана необрана.

Колку подолго ја злоупотребуваат државата со својата неспособност, толку поголема ќе биде цената која што сите ние ќе ја плаќаме.

Ги излажаа земјоделците, животот им го загорчеа, трудот им го зацрнеа, народот го осиромашија. Приклучете се на протестите секоја среда пред Влада, за што поскоро да го видиме грбот на оваа криминогена и неспособна власт.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

МВР со детали за вчерашното убиство на маж во Рашче

МВР излезе со детали во врска со убиството на мажот во скопското село Рашче , отакако вчеравече обвинителството објави дека неговото тело е однесено на обдукција.

Вчера околу 15 часот на влез во с. Рашче-Скопје, додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај-Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот.

Извршен е увид од страна на Јавен обвинител  и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Пендаровски во посета на Марков Манастир: Само со меѓусебно почитување може да изградиме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите

По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица. 

При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.

- Во овие денови кога сме препуштени на духовниот мир и личниот спокој, да испратиме порака дека толеренацијата, пријателството, меѓусебното почитување и помагање не се само христијански, туку и универзални човечки вредности. Само со почитување на овие вредности и денеска и секој ден во годината, може да создадеме општество што обезбедува мир и благосостојба за сите. Само ако меѓусебно се помагаме и разбираме можеме да одиме заедно напред кон подобра иднина за нас и за следните генерации, порача Пендаровски.

Дваесетгодишни момчиња од Шуто Оризари фатени како шверцуваат мигранти

Во близина на ТЕЦ Неготино , полицијата , по потера со автомобили , уапсила двајца 20 годишни жители од скопската населба Шуто Оризари како шверцуваат четворица мигранти од Авганистан.

Вчера попладне во 17:20 часот од страна на униформирани полициски службеници  од Полициската станица Неготино и униформирани полициски службеници  од полициската станица за граничен надзор Михајлово, кај с.Миравци на автопатот Демир Капија-Неготино, било забележано патничко моторно возило „Фиат браво“, управувано од И.Е. (20) од нас. Шуто Оризари-Скопје, а во кое се превезувале мигранти.

Полициските службеници се упатиле по возилото, но И.Е. наместо да застане, ја зголемил брзината. Во близина на ТЕЦ-Неготино, И.Е. излетал од коловозот.

Возачот и совозачот Ф.Р. (20) од Скопје се обиделе да избегаат, но од страна на полициски службеници  се приведени. Во возилото биле затекнати четири лица од Авганистан.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, се наведува цво соопштението од МВР.

притисни ентер