Заев: Имаме праведно и фер решение, Македонија ќе биде признаена од цел свет

Пред студентите на универзитетот ФОН денес се одржа втората од петте јавни расправи за предложените уставни измени согласно преспанскиот договор.

Своите ставови повторно ги сподели премиерот Заев кој кажа дека секое мислење или предлог е многу корисен во оваа фаза на промената на уставот.

Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандмамнот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст. Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени,рече премиерот Зоран Заев на втората јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според што се одржа на ФОН Универзитетот.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер