Заев: Имаме праведно и фер решение, Македонија ќе биде признаена од цел свет

Пред студентите на универзитетот ФОН денес се одржа втората од петте јавни расправи за предложените уставни измени согласно преспанскиот договор.

Своите ставови повторно ги сподели премиерот Заев кој кажа дека секое мислење или предлог е многу корисен во оваа фаза на промената на уставот.

 Имаме фер и праведно решение, а најсуштествена промена во Уставот предвидена во амандмамнот 32 е секаде каде што стои Република Македонија, се менува со Република Северна Македонија, а Македонија со Северна Македонија, освен во членот 36 кој има историси контекст. Тоа е она што вгнездува непријатно чувство кај граѓаните на Македонија, но факт е дека во тој историски регион ние сме северниот дел, факт е дека немаме аспирации да ја анектираме Грција, Албанија, Бугарија или кон било кој од соседите. Единствената аспирација е да ги отвориме границите, да подадеме рака, а тоа ќе донесе и екононска благосостојба еден куп нови можности, и за сегашните, а пред се за идните генерации. При тоа ни беше важно да се одблокира нашиот процес за ЕУ и НАТО и проблемот со Грција да биде трајно решен. Затоа дојдовме до уставните промени,рече премиерот Зоран Заев на втората јавната дебата за нацрт амандманите на Уставот, според што се одржа на ФОН Универзитетот.

Египјаните му дадоа на претседателот власт до 2030

Египјаните со големо мнозинство ги изгласаа измените на Уставот со кои на претседателот Абдел Фатах ал- Сиси му се дава мандат до 2030 година.

Според резултатите на референдумот,  88,3 проценти од граѓаните , односно 23,4 милиони од граѓаните на Египет одговориле позитивн за уставните промени. Со амандмани се продолжува воториот мандат на Ал Сиси, кој требаше да заврши во 2024. Но сега , со уставните измени , мусе дава шанса за уште еден продолжен шестгодишен мандат  и со тоа ќе владее  до 2030.

Поранешниот генерал на египетската војска дојде на власт во 2014 по соборувањето од власт на Мохамед Морси , кој беше првиот демократски избран претседател и цивил.

На вчера одржаниот референдум за уставните измени излегоа 44,33 % од гласачите.

Борба за превласт во ИВЗ – Бузаку се прогласи за нов поглавар, Реџепи не отстапува

Нови тензии и борба за превласт во ИВЗ.

Претендентот за поглавар на ИВЗ Скендер Бузаку, повикувајќи се на судска одлука, тврди дека тој е новиот поглавар.

Сулејман Реџепи пак, вечерва по вонредната седница на Ријасетот на ИВЗ во Кондово порача дека не ја признава одлуката на судот, дека таквата одлука е политичка и оти од денеска повеќе не се на истата страна со Владата.

Напнатоста порасна вечерва откако во седиштето на ИВЗ во Скопје влегла и финансиска полиција, која го проверувала работењето на Реџепи.. Во исто време, во објектот се нашле и претставниците на Бузаку и на Сулејман Реџепи, кои излегоа со целосно спротивни информации.

Бузаку вели дека неговото назначување се базира на решение на Основниот суд два, според кое, тој треба да биде впишан на функцијата Реис ел улема, одлука која утре ќе била објавена и во Службен весник.. 

Мицкоски : Забревта власта, таа е на колена, од нас зависи нашата иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва го посети Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Кисела Вода, каде што размени мислења со членовите и симпатизерите на партијата.

Мицкоски при самата средба со граѓаните посочи дека Зоран Заев и власта се делегитимирани и ВМРО-ДПМНЕ е на чекор од победа на претседателските избори. Самите резултатите од првиот круг на изборите покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов е најголемата политичка сила и ја има поддршката од домашната и од меѓународната јавност.

-Докажано е дека оваа власт не ја бива, не треба нови докази за тоа, зошто тие докази ги живееме, сиромаштија, несигурност, криминал, неправда, тие ја донесоа апатијата, разочарувањето за да луѓето станат индиферентни, да ги прифатат ужасите, но тие така сакаат, а одговорот е едноставен, масовност на 5 мај. Масовно излегување и поддршка за Гордана Сиљановска Давкова, истакна Мицкоски.

Добиените гласови по општини и изборни единици покажуваат сигурна победа на ВМРО-ДПМНЕ во 47 општини, а тоа се должи на успешното препознавање на програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Но и искажување на незадоволството на граѓаните кое е се поголемо, и расте со секој изминат ден и тоа ќе биде изразено на денот на изборите, кога граѓаните ќе стават крај на погубните политики на оваа власт предводена од Зоран заев и СДСМ.

-Ќе понудиме решенија за проблемите на граѓаните, со план, програма и заедничка визија. Забревта власта, таа е на колена, од нас зависи нашата иднина. Заев има реклами, убави зборови, а во реалноста народот има глад. Тоа ќе го смениме. Правда за Македонија. Татковината повикува, порача Мицкоски од Кисела Вода.

притисни ентер