Растот на БДП од 3 отсто потврда за успешноста на владините економски политики

Последниот официјален податок на Државниот завод за статистика, што покажува раст на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третото тримесечје од 2018 година ја потврдува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од овој раст во последниот квартал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата бележеше пад од -1,3 отсто. За нешто повеќе од една  година, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец.

Растот на економијата покажува дека економските политики даваат резултат.

Ваквиот позитивен тренд на раст на економијата дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите што обезбедуваат економски раст, поголеми плати и пензии, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани. /МИА

Пролетта со натпросечна температура, повеќе дожд на истокот

Потопло време со температури над просечните за еден до два степена не очекува оваа пролет, која почнува вечер во 22 часот и 58 минути. 

Повисоки температури ќе има особено во источните делови, каде над просекот ќе бидат и врнежите.

Според прогнозите на УХМР, во април, средната месечна температура се очекува да се движи од шест до осум степени Целзиусови на високите планини во крајниот северозападен дел на државата, од  осум до 10 степени Целзиусови во западните, централните региони и дел од југоистокот, а од 10 до 12 степени  во североисточните делови.

Во мај просечната температура, исто така, ќе биде повисока за еден до два степена, а во источниот дел од земјата ќе биде потопло за два до три степени. Средната месечна температура се очекува да биде од 14 до 16 степени, а во  планинските области од 12 до 14.

Очекуваните месечни врнежи и во април и во мај се 50-100мм. Во април тие ќе бидат под просекот во западниот дел (до 25 отсто), просечни долж Повардарието, а над просекот во источниот дел на земјата (до 25 отсто). Помалку од просечните месечни врнежи речии во целата држава се очекуваат во мај, со исклучок на источните делови.

Од УХМР напоменуваат дека е можна појава на локални настани и препорачуваат редовно следење на прогнозата.

-Поради хаотичната природа на атмосферската циркулација, не е можно да се предвидат варијациите на дневна основа на одредена локација неколку месеци однапред.  Дури и точното предвидување на просечните вредности, како што е просечната температура за даден месец е исклучително тешко, така да во најголема мерка за сезонските прогнози зборуваме во смисла на најверојатните отстапувања од просечните вредности, појаснуваат од УХМР.

Почнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 22 часот и 58 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во земјава ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото.

Летното сметање на времето, пак ќе почне ноќта меѓу 30 и 31 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.

Одобрен проектот „Регионален и локален развој" од ИПА 2 за поефикасно локалното владеење

 Одобрен е проектот „Регионален и локален развој" што финансиски ќе биде поддржан и ќе се имплементира во рамките на ИПА 2 инструментот на Европската Унија.

 Имплементацијата ќе започне од 2020 година а целта е да се зголеми ефективноста, ефикасноста и јавната поддршка на локалното владеење. Ова денеска го посочи министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу на конститутивната седница на секторска работна група за локален и регионален развој.

– Вкупниот буџет на проектот е планиран за 7.000.000 евра, од кои 6.000.000 евра се обезбедени од ИПА инструментот. Со проектот ќе управува Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Министерството за локалната самоуправа ќе го координира процесот преку оваа секторска работна група за локален и регионален развој, во кој членуваат претставници на надлежните министерства, на донаторската и експертската заедница, претставници на граѓанскиот и на бизнис секторот. Со овој проект, локалната самоуправа во полтиките на евроинтегрирање ќе станува се позначајна, рече Фазлиу.

Тој додаде дека Европската Унија во изминатите две години директно го поддржува развојот на општините и зајакнувањето на нивните капацитети преку проектот „Подобрување на општинското управување" вреден 2,3 милиони евра, што се имплементира со поддршка на УНДП.

Никола Бартолини, претставникот на Делегацијата на Европската унија, посочи дека станува збор за ИПА програмата што ќе ги поддржи и поттикнува општините подобро да ја вршат својата работа.

– Ние ќе овозможиме финансиски средства за иновативни проекти што општините би можеле да ги имплементираат во партнерство со европските градови. Станува збор за проекти од областа на животна средина, образование и енергетска ефиксасност. Се она што сметаме дека може да се има како идеја, тоа може и да се имплементира во рамките на оваа програма. Доколку работиме сите заедно, до крајот на 2020 година треба да имаме иновативен проект чија што цел ќе биде да го олесни животот на граѓаните, рече Бартолини. 

притисни ентер