Нинџа: Парламентарно-партски штаб координитор на 27 април, УБК ги следеше Заев, Спасовски и Верушевски

 „За заедничка Македонија",  беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи.

На протестите на „За заедничка Македонија" 80 отсто беа од ВМРО-ДПМНЕ кои ги даваше сите реквизити што се користеа. Сите водачи на протестите ги имам гледано во штабот на ВМРО-ДПМНЕ кај Кирил Божиновски, рече обвинетиот Александар Василевски – Нинџа во својот исказ пред судот во врска со настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Според Нинца, оперативните податоци до кои што тој дошол велеле дека организаторите на протестите биле исплаќани од ВМРО-ДПМНЕ. – Јас само ги видов во партијата со Кирил Божиносвки, но не можев да ги видам нивните џепови, рече Нинџа.

Кажа дека поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски кога се создал Фронтот за Македонија му дал налог да се сретне со Јане Ченто и Игор Југ. За Југ, како што посочи, требало да оцени дали неговото мислење е проруско.

– Кон 15 април зовре состојбата и се скандираше против „тиранската платформа". Во свест ни беше врежан патриотизмот. Никој од овие во судница не знаеше што може да се случи на 27 април . Тој ден околу 12:30 часот ми се јави директорот на УБК и ми кажа да бидам во Скопје бидејќи има информации дека нешто ќе се случи, рече Нинџа. Додаде дека околу 16 часот повторно му се јавил Атанасовски и му рекол дека има информации оти СДСМ ќе бира претседател на Собранието и оти тоа го знае и Ченто.

Атанасовски му кажал дека „комуњарите сакаат да бираат претседател и посочил дека во секој момент треба да биде прогласена воена состојба".

Нинџа пред судот истакна дека имал контакт и со Сашо Мијалков, кој го викнал да оди во „Мериот" и штабот на ВМРО. Околу 18 часот бил во штабот на партијата, но Мијалков не бил таму. Таму, како што додаде, имало лица од парламентарниот – команднооперативен штаб на партијата – Бришковска, Божиновски, Јанакиески, Чавков.

Од тука, како што посочи Нинџа, се координирало што се случуваше на 27 април. Бришковска кажала дека не поминало првото сценарио и пратениците не си ја завршиле работата и не предизвикале тепачка.

– Потоа му се јави на Трајко Вељаноски и му рече да се отворат вратите од Собранието, а во 19:15 му се јавил Атанасовски и му рекол да оди да известува од терен, додаде Нинџа.

Околу 19:20 часот, како што рече Нинџа, го забележал „Боксер Бошкоски" и други во толпата, по што се упатил кон Градска болница каде Бошкоски му рекол дека е во контакт со Атанасовски и оти е известен дека требало да дојде. Оттаму ја набљудувале ситуацијата и му се јавиле на Никола Митрески-Кољо, кој бил во Собранието и им рекол дека е хаос и оти луѓето тепаат пратеници.

-Му реков да излезат, а Бошкоски му кажа дека има луѓе од прикриени операции и да излезе од кај УНИ банка. Митрески рекол дека ќе излезе сам и оти е без фантомка. Наредбата беше сите да излезат, рече Нинџа.

Рече дека на една од клупите во „Жена парк" го сретнал и Горан Грујоски, кој му рекол дека има седум до осум луѓе во Собрание од прикриени операции.

– Додека седев некој му се јави и рече ова не е на арно некој друг ја презел командата и полицијата почна да дејствува. По извесно време Грујоски доби информација дека нема да има вонредна состојба поради притисок од странците кај претседателот на државата. Околу 22:15 го одвеле во прикриена база на УБК кај Државна болница, каде биле Бошкоски и Сашо Марковски. Тука разбрав дека се одземени хард дисковите од обезбедувањето на Собранието, рече Нинџа.

Кажа дека потоа со Бошкоски се упатиле кон Автокоманда, но во Керамидница застанал и истурил една кеса во Вардар.

Рече дека Бошкоски му се јавил на Атанасовски и го прашал што да прави со хард дисковите, по што добил одговпр да се уништат по што Марковски двата хард диска ги уништил на преса и потоа со ножици за лим ги сечел цедињата на парчиња.

Одговарајќи на вкрстени прашања од обвинителството Александар Василевски-Нинџа рече дека УБК ги следело Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски, иако тогаш бил министер за внатрешни работи. Додаде дека бил следен и политичкиот аналитичар Алберт Муслиу кому му биле поставени камери кога не бил дома.

За операциите на Петтата управа, рече Нинџа, не знаел ни тогашниот директор Љупчо Андоновски – Андон бидејќи, како што кажа, соработувал со СЈО. /МИА

Итно е евакуиран хотел во Рим поради токсично испарување од базенот, настрадале пет лица

Најмалку пет лица се затруени во хотел во центарот на Рим, кога од базенот се испуштале штетни испарувања.

Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Вработените во хотелот се затруени, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи кои престојувале на појадок.

Отровните испарувања „доаѓале“ од бањата и велнес центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања биле затворени околните улици.

Ребел Вилсон: Член на британското кралско семејство ме викаше на оргии и дрогирање

Актерката Ребел Вилсон во своите мемоари Rebel Rising тврди дека член на британското кралско семејство еднаш ја поканил на оргија и употреба на дрога за време на забава во Јужна Калифорнија, пишува Page Six.

Иако австралиската актерка не именувала за кој член на кралското семејство станува збор, таа тврди дека личноста е маж и дека е веројатно „петнаесеттиот или дваесеттиот во редот за британскиот трон“. Вилсон тврди дека била поканета во последен момент во 2014 година, а кралското семејство ѝ објаснило дека се потребни „повеќе девојки“ на забава со средновековна тема во домот на американскиот технолошки милијардер во близина на Лос Анџелес.

„Каква совршена можност да најдам момче, си помислив“, пишува актерката во својата книга. Вилсон потсети дека забавата вклучувала акробати кои се лулаат, мажи кои се тепаат на коњи и базен полн со жени облечени како сирени, како и гледање со член на британското кралско семејство додека се делела дрога на послужавници.

„Гледајќи ја британската кралска потпора наоколу додека продолжувам да ги кревам градите. Тие се мојата најдобра физичка карактеристика“, напишала таа, додавајќи дека по раскошниот огномет, друг неименуван маж се појавил со послужавник со нешто што личело на бонбони, но всушност бил дрогата МДМА.

Кога прашала за што е, добила одговор: „Ах, за оргии е... Оргиите обично почнуваат во овој момент, но тогаш го разбрала коментарот дека се потребни повеќе девојки. Не зборувам за односот на мажи и жени како да сме во дискотека. Зборуваа за оргии“, додаде таа.

Таа додала дека тогаш била девица, а од забавата побегнала без да биде сведок на оргиите. „Непотребно е да се каже дека го зедов фустанот за деверуша и истрчав од таму најбрзо што можев“, заклучила таа.

Пролетен распуст во САД- „жешки“ забави, тепачки и купишта ѓубре во океанот (ВИДЕО)

Пролетниот распуст е еден од омилените празници за студентите ширум светот,но во Америка го означува почетокот на сезоната на забави,за време на која агенциите за спроведување на законот имаат полни раце работа за да ги контролираат ордите млади луѓе.

Пролетниот распуст во САД нема единствен распоред за сите факултети и училишта, се одржува од крајот на февруари до средината на април. Најновата снимка од Савана, град во Џорџија на југот на Америка, прикажува толпа млади луѓе како се опиваат и учествуваат во масовни тепачки, додека куп ѓубре е оставен на брегот на океанот.

Местото на акцијата е островот Тајби, популарно одморалиште на брегот на Атлантскиот Океан во Џорџија, објави Dailymail.

На видео снимката се гледа тепачка меѓу неколку девојки и куп ѓубре на брегот. За време на тепачката, на некои од девојките им падна горниот дел од костимот за капење. И покрај тоа, тие продолжија да се тепаат, додека некои се обидуваа да ја сокријат голотијата.

За време на речиси две и пол минути долго видео, мажите и жените плескаат и викаат ентузијастички додека жените разменуваат удари на патеката. На популарната забава „Orange Crush“ имало околу 6.000 учесници.

И покрај тоа, локалните жители тврдат дека сè поминало „прилично добро“. Видеото на социјалната мрежа x, порано Твитер, е прегледано речиси 100.000 пати. Минатата година на оваа плажа долга шест километри се собраа околу 100.000 млади луѓе, а локалните власти, поучени од тоа искуство, го ограничија изнајмувањето простор на плажата за време на пролетниот распуст оваа година.

На почетокот на оваа година, Мајами беше принуден да воведе полициски час и други драконски мерки за зачувување на јавниот ред и мир. Минатата година град во Флорида беше потресен од масовни пукотници за време на пролетниот распуст, па годинава имаше засилено полициско присуство.

притисни ентер