Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ги напаѓа свештениците

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте повторно упати напади и навреди кон католичките епископи во својата земја, велејќи дека тие треба да бидат убиени бидејќи нема никаква корист од нив.

Дутерте, кој често пати ја критикувал католичката црква и нејзините лидери на Филипините, изјави дека иако верува во господ, тој смета дека епископите се „глупаци“.

– Јас сум голем верник. Но нашите епископи треба да се убијат. Нема корист од нив, тие се глупаци. Се што знаат да прават е да критикуваат, истакна филипинскиот претседател.

Филипините се најголемата азиска држава со мнозинство католичко население.

Дутерте често ги напаѓа свештениците поради наводни тврдења за корупција и сексуални злоупотреби, на кои и самиот бил жртва како ученик.

Трамп ќе употреби вето ако Конгресот гласа против ѕидот

Претседателот на САД Доналд Трамп подготвен е за прв пат да употреби вето.

Ако Конгресот биде против неговата објава на вонредна состојба долж границата со Мексико, Трамп ќе употреби вето. Тоа за ТВ Фокс го изјавил Стивен Милер, висок советник на Трамп.

- Тој ќе ја заштити својата објава за вонредна состојба, рекол Милер на прашањето дали Трамп ќе употреби вето ако Конгресот не ја поддржи неговата одлука, пренесе АП.

Трамп вонредната состојба на границата со Мексико ја објави во петокот со желба да го избегне Конгресот за финансирањето на ѕидот кон Мексико, на што се спротивставуваат демократите и одбиваат во буџетот да бидат вклучени 5,7 милијарди долари колку што се потребни за неговото градење.

На границата меѓу Колумбија и Венецуела стигна американска хуманитарна помош!!

Американската војска донесе повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата во Венецуела.

Оваа хуманитарна помош би требало да ја дистрибуираат  поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кога САД го призна за претседател на Венецуела.

-Ова не е првата , ниту пак последната помош, изјавил официјалниот претставник на УСАИД Марк Грин во Кукута при предавањето на помошта во овој пограничен град полн  со мигранти од Венецуела.

Претходната помош била испорачана преку комерцијални летови.

Инаку во оваа испорака имало 180 тони храна и средства за хигиена и друга роба намената за повеќе од 25 000 луѓе.

Путин и Макрон разговарале за Сирија

Претседателите на Русија и Франција, Владимир Путин и Емануаел Макрон  разговарале преку телефон за состојбите во Сирија и Украина, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател го информирал претседателот на Франција Макрон за договорите на самитот во Сочи на кој присуствувале државите кои го гарантираат процесот во Астана за решение на состојбата во Сирија.

Двајцата претседатели ја нагласиле потребата за промовирање на сирискиот внатрешен политички дијалог како и одржувањето на руско – францускиот контакт за Сирија, се наведува во соопштението од Кремљ, пренесе ПАСС.

За Украина, „Путин  го предупредил Макрон на антируската реторика“ на Киев во контекс на претседателските избори во март.

притисни ентер