Фолксваген откри што ќе им направи на илjадниците откупени дизел автомобили

Над 350 000 дизел автомобили на Фолксваген сега се дел од најголемите автомобилски гробишта не само во САД , туку и во светот.

Илјадниците откупени дизел автомобили на Фолксваген во моментот собираат прашина на 37 плацови низ САД. Наскоро овие автомобили ќе тргнат на пат кон новите купувачи.

Пред тоа , стручни лица од Флксваген ќе ги преконтролираа возилата за да видат дали меѓу нив има и такви , кои може да се преуредат и повторно да се продаваат. Сите останати ќе бидат отпишани и испратени на рециклирање.

Портпаролот на Фолксваген изјави дека полека , во мали серии ќе се враќаат дизел моторите на пазарот , со тоа да не предизвикаат пад на цените или дополнителни тензии по скандалот со издувните гасови и повлекувањето од продажба на илјадници дизел автомобили во Европа и САД.

Мистерија со тестаментот на починатата Арета Френклин

Ниту по десет месеци од смртта не може да се утврди кој е вистинскиот тестамент на починатата 76- годишна кралица на соул музиката , Арета Френклин.

Три рачно напишани тестаменти се најдени во домот на починатата кралица на соул музиката Арета Френклин.Пред десет месеци кога почина славната пејачка , членовите на нејзиното семејство тврдеа дека нема оставено тестамент.

Но , само овој месец се пронајдени три такви документи , напишани на рака. Два тестамента се од 2010 и најдени се во заклучени фиоки , откако бил најден клучот. Едниот тестамент е од 2014 и бил скриен под перница во дневната соба.

Според адвокатот Дејвид Бенет , делови од ракописот тешко се читливи , а на четири страници речениците се пречкртани со фрази допишани на краевите .

Бенет над 40 години и бил адвокат на ѕвездата и вчера ги предал тестаментите на суд и му рекол на судијата дека не е сигурен дали тоа е во согласност со законот во државата Мичиген.

Судското рочиште ќе се одржи на 12 јуни.Тестаментите ги виделе синовите на покојната пејачка , но не се согласуваат дали некој од нив е важечки и се противат на тестаментите.  

Џони Деп : Не ја удрив сопругата , сама си нацртала модрици

Холивудската ѕвезда Џони Деп повеќе од една година упорно негира дека ја натепал поранешната сопсруга Амбер Хард.

Актерот тврди дека таа него го малтретирала додека биле во брак и дека тој е вистинската жртва. Во новата тужба за клевета , што денеска ја предал во судот ,бара од неа отштета од 50 милиони долари.

Деп ја обвинува Амбер дека сама си ги нацртала модриците , што и послужиле како доказ за физичко насилство од него. Нејзиниот адвокат ги отфрла овие обвиненија за Амбер и вели дека таа повеќе пати била жртва на насилство од Деп.

Сепак, Деп е  упорен и вели дека може да се види на безбедносните камери дека модриците ги нема и дека Амбер долго време пиела алкохол во комбинација со амфетамини . Во таква состојба го малтретирала актерот и му нанесувала сериозни телесни повреди.  

Кутивче со накит го откри серискиот убиец , кој задушувал старици и ги ограбувал

Полицијата од Тексас уапси 46 годишен маж , кој влегувал во собите на старици во домови за стари лица  , ги задушувал и потоа им ги крадел вредните предмети.

Американецот Били Чемирмир се претставувал како хаусмајстор и влегувал во собите на старици со над 90 годишна возраст и ги задушувал со перница. Поради возраста полицијата сметала дека стариците починале од природна смрт.

Но , 91- годишната старица од Тексас го преживеала нападот. Крадецот и наредил да легне во креветот , каде ја врзал и ја притиснал со перница. Но , старицата останала жива , зашто случајно дошле кај неа пријатели и повикале итна помош . Таа забележала дека и е украдено кутивчето со накит.

Полицијата почнала да истражува и стигнале до 46 годишниот маж. Почанале да го следат и една вечер го виделе како во кантата за смет ја фрла кутијата за накит на Тексашанката.

Во неа нашле ливче со адреса на 81 – годишната Лу Ти Харис. Отишле таму и го нашле безживотното тело на старицата , задавена со перница.Успеале да го поврзат со три убиства во последните години , но потоа полицијата почнала истрага за околу 1000 убиства на старици во последните две години .

На тој начин , за неколку дена покренале обвинение за уште шест убиства на старици , за кои се сомничи Чемирмир. Кај него нашле накит и мобилни кои им припаѓале на жртвите.

Сите жени биле на возраст од 76 до 94 години во округот Далас во Тексас, а уште пет биле убиени во округот Колин . Чемирмир е од Кенија и има полициско досие во Далас за возење во пијана состојба.

Тој е притворен со кауција од 9,1 милиони долари , а бидејќи е илегално во САД , било побарано дополнително да се држи во притвор.

притисни ентер