Пропатувале 9 622 километри за да го бодрат својот клуб и добиле награда

Нана и КЦ од Хонг Конг покажаа викендов дека љубовта кон својот фудбалски клуб не познава граници.

Двајцата млади од Хонг Конг патуваа 9 622 километри во еден правец за да го гледаат својот тим од англиската лига. Но не Манчестер или Ливерпул , туку тимот на Валфорд. Двојката стигна минатата недела на натпреварот против гостинскиот Леичестер , а вчера го гледаа и натпреварот против Манчестер Сити. Од подвигот на двојката се одушевил и капитенот на Хорнетс , Трој Дини.

Тој им подари свој дрес на двајцата фанови. Претходно  клубот им подари уште и дресови со нивните имиња со броевите 60 и 13 , кои го симболизираат нивното патување долго 6 013 милји.

Пепе од својот џеб им поделил плата на готвачите и си заминал од Бешикташ

Искусниот португалски фудбалер Пепе ја прекина соработката со турскиот гигант Бешикташ поради финансиските проблеми кој ги има клубот од Истанбул.

Иако во јавноста за него се вели дека е „валкан фудбалер“ Пепе пред да си замине од Турција покажа дека сепак е голем човек.

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид пред заминувањето на сите вработени во клубот од Истанбул, како што се готвачите, луѓето задолжени за одржување на теренот, економот ... им поделил плата од својот џеб.

Според шпанска „Марка“ Бешикташ веќе не бил во можност да плаќа големи договори поради што и Пепе го напуштил клубот.

Мохамед Салах и годинава Најдобар фудбалер на Африка

Напаѓачот на англискиот премиерлигашЛиверпул Мохамед Салах втора година по ред ја освои наградата во анкетата на „BBC“ за најдобар фудбалер на Африка.

Египетскиот репрезентативец собра најголем број на гласови и беше подобар од  соиграч во Ливерпул, Сенегалецот Садио Мане, како и од Мехди Бенатиа (Јувентус / Мароко) Калиду Кулибали (Сенегал /Наполи) и Томас Парти (Атлетико Мадрид / Гана).

Минатата сезона Мохамед Салах постигна 44 гола за Ливерпул во сите натпреварувања и стигна со Ливерпул до финалето во Лигата на Шампионите. Потоа учествуваше со „фараоните” на Светското првенство во Русија, а од почетокот на оваа сезона има 13 погодоци за „црвените” во сите натпреварувања.

Кличко сака да се врати во рингот: Ќе победам секого во тешка категорија

Поранешниот светски првак во бокс во тешка категорија , Владимир Кличко , размислува да се врати во рингот , откако во април минатата година стави крај на кариерата.

Украинскиот боксер , кој успешно ја бранеше титулата цели десет години , се прости од рингот по поразот со технички нокаут од Ентони Џошуа , кој исто така се пензионира. Кличко на Џошуа му патил порака во која напишал.

,, Сакам да се вратам. Се чувствувам дека можам да го победам секого кој се бори во тешка категорија.” 42 – годишниот Кличко до сега имал неколку повици да се врати во рингот , но ги одбивал.

За неговата желба за враќање се уште нема официјална потврда.

притисни ентер