Протест на албанските студенти поради зголемувањето на тарифите за испитите

Студентите од Унверзитетот во Тирана и Политехничикиот универзитет денеска протестираа пред зградата на Министерството за образование барајќи укинување на тарифата за преостантите испити.

Протестот го почнаа пред Унверзитетот, потоа маршираа до Министерството, барајќи од министерката Линдита Никола да го повлече зголемувањето на тарифата.

Тие фрлаа со јајца врз зградата на ресорното Министерство.

Протестираа и студентите од Унверзитетот „Алекандар Џувани“ во Елбасан, кои ја бојкотираа наставата и почнаа да потпишуваат петиција, која ќе ја достават до министерката.

Минстерката Никола истакна дека е подготвена да разговара со студентите, но додаде дека плаќањето на годината што ја загубиле било и со стариот закон.

На прес конференција по протестите таа направи биланс на реформите во високото образование, од кои, како што рече, нема да се откаже.

-Реформите ќе почнат да се спроведуваат од следната година и истите се насочени кон поквалитетно образование. Отстапки од тоа нема, посочи Никола.

Таа меѓу другото нагласи дека се затворени 22 „универзитети-киосци“, бидејќи „нема да дозволи универзитетите да станат „финансиска дупка“.

Царовска: Да се трудиме да бидеме подобри родители

Секое искуство на детето влијае на начинот на кое тоа размислува, се чуствува, однесува и учи понатаму во животот.

 Она што го зборуваме дома, начинот на кој ги воспитуваме нашите деца се одразува на нивното однесување надвор од домот и директно влијае на создавањето на позитивно општество. Секој од нас треба да е свесен дека иако љубовта ни доаѓа придодно, родителството навистина се учи. Да се трудиме да бидеме подобри родители, за нашите деца и за посветла иднина. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на петтиот настан „Разговори за родителството".

Како што информира Министерството за труд и социјална политика, целта е да се разбуди свеста за развивање и надградување на родителските вештини и се дел од кампањата „И родителството се учи" на УНИЦЕФ, ЕУ и Министерството за труд и социјална политика.

Во над 15 градинки низ Македонија, како што се наведува, се воспоставуваат советувалишта за родители чија цел е да работат токму на развој на успешното родителство.

МТСП соопшти дека работи на зголемување на бројот на овие советувалишта, но и на зголемување на капацитетите на градинките и на јакнење на компетенциите на кадарот со што го зголемува опфатот на деца во предучилишно образование.

– Кампањата почна со разговори низ целата земја за научните факти во врска со развојот на човечкиот мозок, емотивното приврзување, развојот на карактерот, различните родителски стилови и влијанието на негативните искуства од детството и стресот врз развојот на децата.  Кампањата ја нагласи потребата од програми и советувалишта за поддршка на родителите. Кога општеството им помага на родителите да подигаат деца кои имаат здрава приврзаност, кои се стумулирани, кои веруваат во себе, упорни се, имаат емпатија, знаат како да се справат со разочарување и можат да учат и да откриваат нови работи – тогаш создаваме животен циклус на лично човечко поврзување и развој и посилно, просперитетно и безбедно општество, изјави претставник на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.

„Разговори за родителство" досега се одржаа во Куманово, Гостивар, Струмица и Битола. Присутните имаа можност да научат повеќе за развојот на детскиот мозок, емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој.

Задолжително зимска опрема во возилата на патниот правец Кочани-Делчево-Берово

Поради интензивни врнежи од снег се воведува задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни  возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово, соопшти Јавното претпријатие „Македонија пат".

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози и со врнежи од снег во североисточниот дел од земјата. 

МНР: Идентификувани се двајца, од тројцата македонски државјани кои загинаа кај Лесковац

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека досега се идентификувани две од трите лица, маж и две жени, кои загинаа ноќеска во кога автобус на Еуро Бус се излизга од патот во близина на Лесковац, Србија.

Станува збор за В.Ш., маж на 68-годишна возраст од с. Бучин, Крушево и К.К., жена исто така на 68-годишна возраст од Кочани. На двете лица им бил утврден идентитетот од личните документи.

Кај третата жртва не се пронајдени документи и засега, како што посочуваат од МНР, нема потврда за нејзниот идентитет.

Освен тројцата загинати во несреќата се повредени 32 лица, од кои четворица се со тешки телесни повреди и се во животна опасност. Овие лица се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно повредените 28 лица се згрижени во општата болница во Лесковац.

Од МНР информираат дека сместување ќе им биде обезбездени на сите повредени кои би биле пуштени од болница, доколку имаат потреба за преноќување.

Кон Лесковац во посета на болните и на местото на несреќата се упатија министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски, како и претставник на македонската амбасада во Белград.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

притисни ентер