Сторија на Канал 5: Двајца браќа, од кои помладиот има ментално заболување живеат без огрев, без пари, со исклучена струјата ....

Улицата Призренска во скопската населба Кучевишка бара ја крие мачната судбина на двајца браќа. 

Откако останале и без мајката од пред една година постариот се грижи за помладиот брат кој има ментално заболување. Зимата ги затече без огрев, без пари, со исклучена струјата за неплатени сметки а постариот брат кој е со скршена нога сега не може да го остави сам помладиот за да оди на работа од страв да не предизвика пожар во трошната куќа.

Додека била жива мајката живееле од пензијата а сега преживуваат од неколкуте кози кои ги чуваат. Се обиделе да побараат некаква помош од државата но немаат документи и не знаат како да се снајдат во лавиринтите на системот.

Апелираат до надлежните за социјални работи да им помогнат да остваруваат некаква минимална помош за да можат да преживеат.  Од министерството за труд и социјални работи кусо за Канал 5 само ни посочија дека ќе ги проверат податоците и дека ќе испратат теренска екипа на надлежниот центар за социјални работи. 

Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат на било кој начин може да ги контактираат на телефонскиот број кај соседите на 076 595 751   

Мекларен го претстави најмоќниот модел од својата Спорт серија

Британскиот Мекларен поприлично богатата година, кога се во прашање новите модели, ја заокружи со најмоќната верзија од својата Мекларен Спорт серија.

Се работи за ограничена серија од тркачкиот модел „620R“ прилагоден за цивилна употрева.

Мекларен ќе направи само 350 примероци со 3.8 литарски „V8“ мотор кој испорачува 611 коњски сили.

Овој модел базиран на тркачката верзија  „570S GT4“ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

За сопирање на „620R“ се задолжени карбон- керамички сопирачки со дискови со дијаметар од 390 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

Видео: Пресушија Викториините водопади

Викториините водопади настанале на местото каде што африканската река Зембези пропаѓа во 100 метарска провалија. 

Убавината на водопадите привлекуваше милиони туристи во Зимбабве и Замбија а сега се пресушени заради најголемата суша во последните сто години.

Иако е вообичаено за време на сушните периоди овие водопади да подзапрат, оваа година дошло до неочекувано опаѓање на нивото на водата. Се стравува дека климатските промени би можеле трајно да ги уништат водопадите.

„Претходните години, кога ќе пресушеа, тоа не се случуваше во толкава мера“, вели Доминик Њамбе, продавач на сувенири. „Ова прв пат го гледаме“, додава тој.

Овој продавач вели и дека веќе опаднал бројот на туристи кои виделе на интернет дека водопадите пресушиле.

Проблемот е што целата област е погодена од суша и што многу луѓе останале и без храна. Се проценува дека помош им е потребна на околу 45 милиони луѓе.

Зимбабве и Замбија се погодени и од рестрикција на струја, затоа што производството на оваа енергија зависи исклучиво од хидроелектраната Кариба која се наоѓа на реката Замбези.

Официјалните податоци покажуваат дека нивото на реката Замбези е под она во 1995 година, што било најниско забележано ниво досега. Претседателот на Замбија Едфар лунгу рекол дека ова е предупредување за тоа што климатските промени можат да и направат на нашата животна средина.

Викториините водопади се едни од најголемите и најспектакуларните во светот.

Видео: Битка за живот или смрт помеѓу питон, јазовец и чакал

Кога сте на сафари во Африка тогаш сигурно ќе бидете сведок на некоја борба помеѓу животните кои таму живеат.

Така Роселин Керјосе на сафари снимила неверојатна борба на три животни јазовец, питон и чакал.

Кога почнала да снима, јазовецот бил во смртна опасност бидејќи питонот го фатил и го стискал со целото свое тело.

За среќа на јазовецот, еден пар чакали се вмешале во пресметката и јазовецот успеал да се извлече од смртта.

Тоа што требаше да биде лесен оброк за питонот се претвори во напад на тројца врз еден кога јазовецот и чакалите се свртеа против питонот.

Од оваа средба јазовецот излезе како победник и се сокри со својот ручек зад грмушката.

притисни ентер