Предводени од српскиот центар Никола Јокиќ, кошаркарите на Денвер го победија Торонто во дербито на вечерта во НБА лигата. Јокиќ дуелот го заврши со „трипл-дабл“ 23 поени, 15 асистенции и 11 скока.
Резултати на натпреварите во НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник:
Детроит – Оклахома Сити 83:110
Атланта – Голден Стејт 111:128
Бруклин – Кливленд 97:99
Њујорк – Вашингтон 107:110
Торонто – Денвер 103:106
Минесота – Хјустон 103:91
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 126:129.
Пласман Западна конференција: Денвер 16-7, (победи – порази), ЛА Клиперс 16-7, Оклахома 15-7, Голден Стејт 16-9, ЛА Лејкерс 14-9,…
Пласман Источна конференција: Торонто 20-5, Милвоки 15-7, Филаделфија 17-8, Детроит 13-8.