Симовски: Директорот на УБК Атанасовски наредил да се запалат домовите на Шилегов и Шеќеринска

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за настаните од 27 април во Собранието, обвинетиот Захарие Симовски ја изнесуваше неговата одбрана. 

Според неговите искази, тој учествувал во настаните од 27 април, како и претходно во протестите со иницијативата „За заедничка Македонија", по наредба на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа на кого му бил личен телохранител од 2015 година.

Во неговото хронолошко сведочење за настаните рече дека Василевски-Нинџа примал наредби од поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски и од началникот во Управата Никола Бошковски, кои биле во постојана комуникација со него. Најчесто средбите ги одржувале во кафе барот „Аристократ", каде, според Симовски, имало галерија која била наменски уредена за вакви средби. Симовски сведочеше дека по средбите бил известен од неговиот шеф дека имаат „одврзани раце" и оти ќе бидат заштитени од државата. Нинџа му дал и пиштол за кој му рекол да го носи по потреба.

Симовски рече дека во 2016 година на протестите пред ДИК кога чекале наредба да прават нереди и да фрлаат со молотови коктели, биле известени од Нинџа дека директорот на УБК Атанасовски дал наредба да се запалат домовите на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов и автомобилот на Љубомир Фрчковски.

– Јас имав задача да ги најдам локациите и ги известив дека во домовите на таргетираните лица нема никој, како и дека бараното возило на Фрчковски, не е на паркингот пред неговиот стан. За среќа не дојде до таков настан, истакна Симовски.

Обвинетиот рече дека учествувал и на протестите на „За заедничка Македонија" на кои најчесто тргнувале од пред ТЦЦ Плаза и многу често неговиот шеф Нинџа влегувал во зградата на ВМРО-ДПМНЕ на средба со функционери, а имал сознание дека се сретнувал и со тогашниот премиер Никола Груевски.

На 27 април во кафе барот „Дион" стигнал околу 14 часот, а претходно му било јавено да го земе оружјето, кое, како што наведе, никогаш не го употребил. По средбата во кафе барот тргнале кон Собранието каде прво влегле во пленарната сала, а потоа кон прес-центарот.

– Кога обезбедувањето на пратениците пред прес-центарот испука кршум, го видов Игор југ како репетира пиштол, а јас само го допрев мојот пиштол преку облеката, истакна Симовски, додавајќи дека влегле во салата и потоа излегле и сите од групата се нашле пред споменикот во „Жена парк".

Таму констатирале дека се измамени и изиграни од власта, посебно од Управата за безбедност и контраразузнавање која најчесто ги контактирала и организирала групите.

Одговарајќи на прашање, обвинетиот рече дека не е сигурен но мисли оти и обвинетиот Јане Ченто носел оружје.

На почетокот на изјавата на обвинетиот, неговиот адвокат пред поставувањето на прашањето рече дека очекува од Симовски денеска да биде третиот херој кој ќе ја каже вистината со цел да се дојде до правдата.

Пред него, свој искази од настаните дадоа браќата Стефан и Михаил Младеновски. /МИА

Под камен пронашле грне со злато, по што почнале критики дека лажат- ги издала змија (ВИДЕО)

Корисникот на Инстаграм @felezyabie неодамна објави интересно видео кое предизвика големо внимание, и ги подели мислењата на корисниците.

На профилот стои дека сакал археологија, а нуди совети за купување детектор за метал и „толкување на антички симболи“.

Во споменатото видео гледаме група луѓе кои со голема мака ја поместуваат карпата од земја, користејќи трактор и синџири, а потоа почнуваат да копаат.

Потоа вадат старо грне, во кое што ги чека големо изненадување, пренесува Times Now News.

Садот е полн со злато, а на врвот ги чекала жива змија!

По првичниот страв, луѓето го превртеле грнето, а внатре имало куп монети и други вредни предмети. Навистина, сè изгледало како неверојатно откритие додека не се појавил еден „ситен“ детал.

Имено, многу корисници се посомневале дека видеото е монтирано, односно лажно. Најмногу им пречело тоа што во закопаното грне имало жив рептил.

И додека коментарите се нижат, сопственикот на профилот проговори и објасни:

„Почитувани пријатели, ова видео има за цел да ја запознае јавноста со процесот на истражувачот. Никој не рече дека е реално, зошто сите навреди и пцовки“.

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

ВМРО и Мицкоски официјално прогласуваат коалиција и со партијата Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, две партии тесно поврзани со Москва и разни проруски кругови, а познати по своите антиалбански позиции.

Мицкоски на митинг во Охрид побара македонско национално единство, без други етникуми во државата, за, како што рече, да се тргне државата од рацете на Албанците.

Европскиот фронт го потсетува Мицкоски дека Северна Македонија од поодамна го изоде патот на рамноправност, демократија и членство во големото европско семејство.

ДУИ и Европскиот фронт, како мултиетнички фронт во Северна Македонија, нема да дозволат земјата да се врати во меѓународна изолација, а тоа ќе биде запечатено на 24 април и 8 мај, кога за претседател ќе биде избран д-р Бујар Османи, а Европскиот фронт ќе биде клучот за формирање на идната Влада.

Истовремено, ја повикуваме албанската опозиција да се освести и да се престрои со про-европејците и да не стане орудие на руските кругови во земјава, се наведува во соопштението.

Фон дер Лајен: Русија хибридно ја напаѓа Финска преку испраќање мигранти на границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Русија концентрирала хибридни напади врз Финска со испраќање мигранти, сѐ со цел да ја дестабилизира таа земја, која цврсто ја поддржува Украина и која влезе во НАТО пред една година.

Финска ја затвори границата во средината на декември 2023 година по приливот од 1.000 илегални мигранти од руска територија од средината на август. Двете земји имаат заедничка граница долга 1.340 километри, а Хелсинки ја обвинува Москва дека систематски испраќа мигранти во Финска. Русија ги отфрла обвинувањата.

„Од хибридниот напад на Белорусија во ноември 2021 година врз Литванија, Полска и Латвија, сите знаеме дека Путин и неговите сојузници ги инструментализираат мигрантите за да ја тестираат нашата одбрана и да нѐ дестабилизираат“, рече шефицата на Европската комисија.

„Сега Путин се фокусираше на Финска“, додаде таа.

Претседателката на ЕК се сретна со финскиот премиер Петри Орпа во градот Лапеенранта во југоисточниот дел на земјата, на околу 30 километри од руската граница и разговараа што „ЕУ и Финска можат да направат за да ја спречат инструментализацијата на финската граница.“

Во април Финска одлучи граничните премини да останат затворени. Односите меѓу Хелсинки и Москва се влошија по руската инвазија на Украина. По приемот на Финска во НАТО, Москва најави „контрамерки“.

Финска исто така подготвува закон за спротивставување на пристигнувањето на мигрантите.

притисни ентер