ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не заслужуваат да се гушат во загадениот воздух

Опасните ПМ 10 честички синоќа во Скопје достигнуваа концентрација над пет пати повисока од дозволената, а Заев, Шилегов и Макрадули единствено што прават е омаловажување и замолкнување на граѓаните и невладините активисти.

Граѓаните се гушат во загадениот воздух, а Заев и Шилегов се уште немаат превземено ниту една мерка со која ќе го намалат аерозагадувањето. Неспособната власт на СДСМ не води ни малку грижа за граѓаните и последиците кои ги имаат од отровите кои ги вдишуваат, се наведува во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Додека Скопје секојдневно се наоѓа на листата на десет најзагадени градови во Светот, градоначалникот Петре Шилегов си игра игрички на мобилен телефон.

Кога беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух, а откако дојдоа на власт не реализираа ниту еден проект. Решавање на проблемот со загадувањето не им е ниту во агендата. Наместо да се справат со загадувањето, тие трошат милиони за луксузни автомобили, фотелји и лубриканти.

За Заев и Шилегов не е важно здравјето на граѓаните. За нив не е важно што Македонија официјално стана најзагадена земја во Европа и што Светската здравствена организација објави дека во земјава годишно умираат околу 3000 луѓе како директна последица на загадениот воздух.

Неодговорната власт на Заев и СДСМ не води грижа ниту што болниците веќе се преполни со граѓани кои имаат проблеми со кардиоваскуларните и респираторните органи. До СДСМ не допира тоа што граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите.

Доколку СДСМ не спроведува ниту еден проект , ниту има идеја како да се справи со загадениот воздух, треба веднаш да ги прифатат препораките на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага во услови на загаденост над дозволените мерни концентрации, да се овозможи за граѓаните бесплатен градски превоз и повеќе автобуски линии додека трае загадувањето, со што ќе се овозможи значително да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите

Воедно во услови на загаденост, МВР мора да го пренасочува движењето на товарни возила и градежни машини од централните градски подрачја, мерка која исто така ќе овозможи намалување на нивото на канцерогените ПМ10 честички.

Неодговорноста оваа црна власт нема граници. Министерот Дураку вели не му е гајле за тужбите на граѓаните заради загаденоста, заменик министерот Макрадули си дреме во Собрание, а градоначалникот Шилегов продолжува со неговата ароганција и непромислени политики.

Криминалната власт на СДСМ создаде црнила за граѓаните и во црно ги завива нивните судбини. Граѓаните не заслужуваат да се гушат во загадениот воздух, а црнилото кое надвиснало над државата мора да замине. СДСМ мора да си замине.

Бајден на самиот крај на мандатот воведе нови санкции против Русија

Денеска, во последните денови од мандатот на претседателот Џо Бајден, Соединетите Држави воведоа нови санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина, насочени кон речиси 100 субјекти, вклучително и енергетскиот и банкарскиот сектор на Русија.

Американското Министерство за финансии, по новата извршна наредба, објави дека воведува нови санкции за клучните руски субјекти, само неколку дена пред Доналд Трамп повторно да влезе во Белата куќа.

Вашингтон, исто така, го спречи моделот на затајување санкции, идентификуван меѓу актерите во Русија и Кина и Керемет банка, финансиска институција со седиште во Киргистан која го координираше избегнувањето санкции меѓу руските официјални лица и американската банка.

„Нашата цел со овој потег е да им ставиме до знаење на финансиските институции, но и на компаниите, дека бизнисот со Русија што го поддржува нејзиниот воено-индустриски комплекс ги изложува на санкции“, рече функционерот, кој побарал да остане анонимен. Американскиот Стејт департмент, исто така, воведува санкции против повеќе од 150 субјекти и поединци.

Полицајците не можеле да поверуваат што извадија од витрина во супермаркет во Чикаго (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена во супермаркет Алди на северозападната страна на Чикаго, откако вработените забележале чудно суштество во фрижидерот за намирници.

На видеото кое кружи на интернет се гледаат полицајци кои пристигнале по пријавата со задача да го фатат „натрапникот“ и безбедно да го евакуираат.

Откако го „боцкал“ животното со рачка од џогер, полицаецот го фатил за опашот и почнал да го влече.

„Верував дека ќе извлечат ракунот. Не го очекував ова“, напишала една личност изненадена од епилогот.

Имено, полицаецот се нашол во друштво на див којот кој некако се нашол во урбана средина и решил да се сокрие во фрижидер.

Дивото животно е заробено и по испитувањето ќе биде пуштено назад во дивината. Во инцидентот нема повредени, јавува Метро.

Еден сведок изјавил дека видел којот како талка на паркингот пред продавницата, а експертите се согласуваат дека избрал „чудна локација за да се скрие“.

„Тие можат да направат грешка додека се обидуваат да ги избегнат луѓето. Сакаат да се сокријат од нас“.

Николоски во Будимпешта: Економскиот развој и евроинтеграциите остануваат врвни приоритети

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е во работна посета на Будимпешта каде денеска оствари средба со Балаш Орбан, политички директор на шефот на Владата на Унгарија како и со министерот за национална економија, Мартон Наѓ.

Фокус на средбите беа економските и политички односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската подршка од Унгарија и зголемување на трговската соработка.

Вицепремиерот Николоски ги потенцираше економските реформи на Владата за обезбедување на забрзан економски раст како и борбата против корупцијата. Во своето обраќање, тој ги претстави приоритетите на Владата за развој на домашната економија, реализацијата на капиталните проекти кои се од исклучитечно значење за регионалниот развој и поврзаност како и политиките за привлекувањето на странски инвестиции.

На средбите се разговараше и за развој на транспортниот и енергетски сектор како и проектите од регионално значење што ќе го доближат регионот на Западен Балкан до Европската Унија.

Николоски ја изрази силната подготвеност на Владата за реализација и развој на еропските коридори како стартешки за раст на националните економии во земјите од регионот.

На средбите исто така беа потврдени пријателските односи меѓу двете земји, притоа заменик претседателот Николоски потенцира дека Унгарија е силен подржувач на Македонија во остварување на своите стратешки цели на патот на евроинтеграциите.

" Имав одлични средби со моите колеги Балаш Орбан кој е голем пријател на Македонија и Мартон Наѓ, министерот за национална економија. Уште еднаш ги потврдивме одличните односи помеѓу двете Влади а исто така и меѓу двата народи. Разговараме за приоритетите во делот на економските процеси и евроинтеграциите и сметам дека подршката што ни ја овозможува Унгарија е огромна во нашиот развој. Продолжуваме да ги градиме нашите односи со пријателите, а Македонија да станува посилна и влијателна. Наша задача е да продолжиме да ги надградуваме овие односи, да ја продлабочуваме нашата соработка и да докажеме дека придобивките од ова партнерство ги чувствуваат сите наши граѓани. "- истакна по денешните средби вицепремиерот Николоски, соопштуваат од Министерството.

притисни ентер