Ауди го претстави новиот болид (ВИДЕО)

Ауди го претстави новиот модел R8, кој предизвика воздишки кај љубителите на супер луксузни спортски автомобили.

Супер спортскиот автомобил на Ауди е освежен со агресивен изглед , а модификации има и на моторот 5.2 v10, кој дава 620 KS и 580 Nm.Во варијантата Performance достигнува 100 km/h за одлични 3,1 секунди со максимална брзина од 331 km/h.

Но , во пракса R8 може и повеќе , а токму тоа се случи на снимањето во Шпанија кога достигна 100 километри за помалку од 3 секунди. Точното време на забрзување изнесува 2,72 секунди.

Трет ден трае потргата по двегодишното девојче од Србија

Трет ден трае потргата по двегодишното девојче.Српската  полицијата соопшти дека продолжува интензивно оперативно да работи за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето.

Вчера полиција по 27 часа интензивно пребарување на теренот ја запре потрагата по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања, во близина на Бор.

Според српското МВР, сите информации укажувале дека исчезнатото девојче не било во тоа подрачје од околу 10 квадратни километри. Но полицијата продолжува со оперативните активности за пронаогање на детето.

Инаку, родителите на малата Данка биле на распит во полиција а мобилниот на мајката бил испратен на вечтачење јавија српските медиуми.Нејасно е и како 22-месечното девојче успеало толку брзо да избега од вниманието на возрасните среде бел ден.

Грчкиот Парламент вечерва ќе гласа за предлогот на опозицијата за гласање недоверба на Владата

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе гласаат за предлогот за недоверба на Владата на Нова демократија, доставен од четири опозициски партии.

Пратениците во грчкиот Парламент вечерва ќе гласаат за предлогот за недоверба на Владата на Нова демократија, доставен од четири опозициски партии, предлог што се очекува да не биде изгласан и да не создаде проблеми за владиното мнозинство, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеничките групи на ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и на Курс на слобода во вторникот доставија заеднички предлог за гласање недоверба на Владата, по иницијативата на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, поради новите информации за железничката несреќа во февруари минатата година кај Темпи, објавени од весникот „То вима“.

Тридневната расправа на пленарна седница ќе заврши вечерва најдоцна до полноќ со гласање на пратениците, а на гласањето ќе му претходат говори на лидерите на политичките партии, како и на грчкиот премиер.

Речиси невозможно е предлогот на опозициските партии да биде изгласан, со оглед на тоа што за Владата да ја загуби довербата потребно е да гласаат најмалку 151 од вкупно 300 пратеници во Парламентот, додека пак владејачката Нова демократија има мнозинство од 158 пратенички места.

Текстот во весникот „То вима“ објавен во неделата за монтираните аудиозаписи за железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година во која загинаа 57 лица, кај опозициските партии во Грција предизвика низа реакции, кои кулминираа со доставување на предлогот за гласање недоверба на актуелната Влада.

Иницијативата беше на лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, кој на почетокот на неговото обраќање во Парламентот истакна дека Владата на Нова демократија, систематски го поткопува владеењето на правото во земјата.

Предлогот за гласање недоверба е потпишан од 85 пратеници (од вкупно 300 во Парламентот) и е поддржан од ПАСОК, СИРИЗА, Нова левица и Курс на слобода, а во него потписниците детално се осврнуваат на сето она што следеше по железничката несреќа и како Владата управуваше со целиот случај, упатувајќи ѝ критики и обвинувања, меѓу другото и дека „континуирано го деградира владеењето на правото, ја поткопува самата демократија и ја разнишува довербата на граѓаните кон политиката, институциите и правдата“.

Санкционирани 167 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер