Електричен камионет – хит на саемот во Лос Анџелес

RIVIAN е малку познат производител , а сега се прослави со новите модели што ги претстави на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Доскорешниот анонимен производител успеа да спои два тренда- најпопуларниот тип на возило во САД со најсовремениот погон. Од овој спој е создаден камионетот Т1Т, односно СУВ моделот R1S кои нудат одлична сила и перформанси за возила на електричен погон.

Електромоторот обезбедува сила од 765 коњски сили и 1120 Nm. Достигнува 160 километри на час за помалку од седум секунди , а може без проблеми да се движи по тешки терени. Со батерии 135 kWh минува 480 километри.

Ако притоа станува збор за камионет кој нема проблеми со вода , со него може да се прегази и водна површина длабока 77 сантиметри.

Првите испораки ќе почнат во 2020 , со почетна цена од 61 500 долари , додека СУВ верзијата ќе стартува со 72 500 долари.

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер